23/12/2009
Фото-новинарите од времето на војната ги изложија своите дела во Сараево. Исто така во вестите од културата: Приштина беше домаќин на Меѓународниот филмски фестивал за човековите права и поранешна бугарска скокачка во височина ја доби Националната европска атлетска награда.
![]() Изложбата во Сараево беше затворена на 15-ти јануари. [Getty Images] |
Изложба на дела на некои од најпознатите фото-новинари во времето на војната, беше отворена во саботата (19-ти декември) во Сараевo. Тие ги покриваа конфликтите во Босна и Херцеговинa, Хрватскa, Либан, Авганистан, Грузија, Ирак и други земји. Изложбата, која се состои од неколку стотици фотографии, ќе трае до 15-ти јануари.
***
Меѓународниот филмски фестивал за човекови права заврши во Приштинa во неделата (20-ти декември), по прикажувањето 27 локални и странски филмови. Настанот, организиран од Советот за одбрана на човековите права и слободи, се одржува петта година по ред.
***
Центарот за албански студии во четвртокот (17-ти декември) отвори изложба која го промовира историското богатство на Албанија. Изложбата вклучува археолошки артефакти и илирски предмети од земјата.
***
Романската-унгарско-британска продукција „Каталин Варга“ ја освои наградата Европско откритие за 2009 на 22-рите Европски филмски награди. Церемонијата се одржа во Германија на 12-ти декември. Филмот беше во продукција на Оана Гиургиу и во режија на Петер Стрикланд.
***
Декларација за заштита на културното наследство беше потпишана во петокот (18-ти декември) во Tурција, на состанокот на министрите за култура од Југоисточна Европа. Документот охрабрува нови форми на меѓународна соработка.
***
Бугарскиот тренер за скокови во височина Лилјана Видева ја доби Националната европска атлетска награда. Видева, и самата успешна скокачка во височина пред да започне да работи како тренер, е прва бугарска атлетичарка што ја доби оваа престижна награда.
***
Истанбул ќе биде домаќин на Прис жардин ди Јуроп во октомври 2010 година, на кој се претставуваат млади кореографи на современи танци. Настанот, организиран во соработка со институтите за танц од десет земји во Европа и Културната програма на ЕУ, вклучува различни активности како што се претстави, работилници и улични настани. Изданието од 2010 година ќе биде посветено на концептот на „Космополитанизам“.
***
Јанис Моралис, еден од најдобрите грчки сликари, почина во неделата (20-ти декември) на 93-годишна возраст. Неговите дела можат да се најдат во јавните и приватни колекции во Грција и во странство.
(Разни извори – 16/12/09-23/12/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's