21/12/2009
Бугарија и Романија потпишаа повеќестран договор за соработка. Исто така во вестите од науката: албанските народни песни се сега на располагање во дигитална форма и Србија доби заем од 200 милиони евра.
![]() Бугарија и Романија потпишаа договор за соработка. [Getty Images] |
Романскиот државен секретар за европски прашања, Богдан Мазуру, и бугарскиот амбасадор во Букурешт, Валентин Радомирски, потпишаа програма за соработка помеѓу двете земји. Истата ги покрива образованието, науката, културата, масовните медиуми, младите и спортот до 2012 година.
***
Aлбанските народни песни се сега на располагање во дигитална форма во Институтот за културна антропологија. Создавањето на новиот формат на песни од раниот 20-ти век беше резултат на богатата архива на институтот. Проектот е поддржан од австриската Агенција за развој.
***
Европската инвестициска банка одобри заем од 200 милиони евра за Србијa, за научниот и технолошкиот развој, објави на 14-ти декември вицепремиерот Божидар Ѓелиќ. Тој рече дека 25 милиони евра грант од ЕУ ќе бидат додадени на овие средства и ќе ѝ овозможат на земјата двојно да ги зголеми своите инвестиции во научниот и технолошкиот развој, олеснувајќи ги новите истражувања и подобрувајќи ги животните услови на истражувачите.
***
Романските студенти освоија шест медали -- една златна, две сребрени и три бронзени -- на 6-тата Меѓународна јуниорска научна Олимпијада во Баку, Азербејџан, претходно овој месец. Натпреварувачите на Олимпијадата имаа три тестови: хемија, биологија и физика. Скоро 260 ученици од 47 земји учествуваа на натпреварот.
***
Технолошкиот парк Вараждин и Центарот за исчезнати и експлоатирани деца (ЦНЗД) во Осиек отпочнаа проекти за заштита на децата на Интернет. Хрватскиот град Вараждин, ЦНЗД и паркот потпишаа договор за соработка, како дел од проектите „Побезбеден интернет во училиштата“ и „Веб-директиви“. Овие проекти гарантираат 100 отсто сигурен интернет во училиштата во Вараждин. Последните истражувања спроведени во Осиек покажуваат дека онлајн контактите меѓу децата и педофилите се зголемил за годишна стапка од 40 до 60 отсто.
***
Кипар се најде на врвот на листата според инсталацијата на системите за соларна енергија за топла вода, рече министерот за комерцијална индустрија и туризам, Антонис Пашалидес на 14-ти декември. Говорејќи на вториот Годишен генерален состанок на здружението за ветрова енергија во Кипар, Пашалидес, исто така, објави дека земјата е шеста во ЕУ во однос на својот инсталиран капацитет на фотоволтажни системи по глава на човек, со вкупен инсталиран капацитет од 3 мегавати.
(Разни извори – 14/12/09-21/12/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's