Дипломатски дневник: Јеремиќ во посета на САД

15/12/2009

Претставниците на Србија и САД разговараа за соработката. Исто така во дипломатските вести: црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ го посети Ватикан, а хрватскиот претседател Месиќ беше во Русија.
photo

Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во вторникот (15-ти декември) се состана со американскиот државен секретар Хилари Клинтон. [Getty Images]

Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, во вторникот (15-ти декември) отпатува за Вашингтон, каде што се состана со американската државна секретарка Хилари Клинтон и други официјални претставници. Јеремиќ вели дека разговорите ќе се фокусираат на билатералната соработка. Пред да замине за Вашингтон српскиот највисок дипломат се состана со босанскиот колега Свен Алкалај и турскиот Ахмет Давутоглу во Сараево.

***

Црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ во понеделникот (14-ти декември) ја отпочна посетата на Ватикан, каде што ќе го посети папата Бенедикт Шеснаесетти и ватиканскиот државен секретар Тарцисио Бертоне. Црногорскиот премиер рече дека Подгорица добила целосна поддршка од папата за нејзините напори за одржување на мирот во регионот и промовирање на дијалогот меѓу религиите и културите. Светата Столица ја поддржува кандидатурата на Црна Гора и другите балкански држави за влез во ЕУ и НАТО, додаде тој.

***

Шпанија, која го презеде ротирачкото претседателство на ЕУ на 1-ви јануари, ќе стори сé што е во нејзина моќ за да ѝ помогне на Србијa во нејзиниот процес на интеграција во ЕУ, рече шпанскиот министер за надворешни работи, Мигуел Ангел Моратинос, во саботата (12-ти декември) во Белград, по состанокот со својот српски колега Вук Јеремиќ. За време на посетата на Белград, Моратинос се состана и со претседателот Борис Тадиќ и доби титула на почесен граѓанин на Белград.

***

Папата Бенедикт Шеснаесетти го прими албанскиот премиер Сали Бериша во петокот (11-ти декември), на разговори околу актуелните меѓународни прашања. Бериша го покани папата да ја посети Албанија следната година, и да учествува на прославите по повод 100-тата годишнина од раѓањето на Мајка Тереза.

***

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ во неделата (13-ти декември) допатува во дводневна официјална посета на Русија. Месиќ се состана со претседателскиот претставник во Централниот федерален округ, Георги Полтавченко. Во понеделникот хрватскиот претседател имаше обраќање на форумот наречен „Хрватска 2000-2010, деценија на промени“, во организација на руското Министерство за надворешни работи. Месиќ, исто така, се состана со премиерот Владимир Путин и претседателот Дмитри Медведев.

***

Aлбанскиот претседател Бамир Топи и неговиот турски колега Абдула Ѓул во четвртокот (10-ти декември) вети дека ја зајакне и онака добрата политичка и економска соработка меѓу нивните држави. Топи ѝ се заблагодари на Турција за поддршката на напорите на Албанија да стане членка на НАТО и рече дека ги цени инвестициите на Турција во патната инфраструктура, индустријата, образованието, банките и телекомуникациите.

***

Поврзани написи

Loading

Португалскиот министер за одбрана, Аугусто Сантос Силва, во понеделникот (14-ти декември) изјави дека Косовo има европска перспектива и треба да се интегрира во ЕУ и НАТО, како и сите други земји од Западен Балкан. „Португалија е посветена на стабилноста и безбедноста во Косово и нема да има промени во нејзиното мировничко присуство“, рече Силва во Приштина, по состанокот со претседателот Фатмир Сејдиу.

***

Претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј во понеделникот (14-ти декември) беше во Софија, во прва официјална посета на Бугаријa. Ромпуј, кој се состана со премиерот Бојко Борисов и претседателот Георги Парванов, ги поздрави напорите на новата влада за решавање на економската ситуација во земјата, велејќи: „Бугарија се врати на вистинскиот пат“.

(Разни извори -- 08/12/09-15/12/09)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар