09/12/2009
Оваа галерија е прва од ваков вид на Балканот. Исто така во вестите од културата: Србија е домаќин на првата меѓународна изложба на фотографии и во Анкара е отворен Фестивалот на тркала.
![]() Абориџинска уметност на изложба во Софија. [Getty Images] |
Првата абориџинска уметничка галерија во Источна Европа беше отворена во четвртокот (3-ти декември) во Софијa. Посетителите можат да видат 40.000 години стари слики, и други уметнички дела, создадени од Абориџините од Централна Австралија. Слични вакви галерии има во Париз, Лондон и Берлин.
***
Меѓународна изложба на фотографии беше отворена во петокот (4-ти декември) во Зајечар, Србијa. На изложбата беа прикажани 6.000 фотографии од 54 земји.
***
Даниел Црниќ (23) од Хрватскa, играше тенис без престан 19,5 часа за добротворни цели и место во Гинисовата книга на рекорди. Црниќ играше тенис од 8 часот наутро во саботата (5-ти декември) до 3:35 по полноќ во неделата, за да собере пари за едно осумгодишно македонско девојче кое боледува од леукемија.
***
Хрватските градови Загреб и Риека се домаќини на седмиот Филмски фестивал за човекови права, до 13-ти декември. На фестивалот ќе бидат прикажани 20 филмови посветни на борбата за социјални права.
***
Овогодинешниот Филмски фестивал во Tиранa ја подели главната награда во неделата (6-ти декември), наградувајќи два филма -- шпанскиот филм „Жена без пијано“, на режисерот Хавиер Реболо и „Академијата на Платон“ на Филипос Цотос. Меѓу 11-те други награди, седмото издание на настанот го награди и албанскиот режисер Ѓерѓ Џувани за најдобар режисер.
***
Темелите на новата Оперска и балетска куќа во Приштинa беа поставени на 65-годишнината од раѓањето на починатиот косовски претседател Ибрахим Ругова на 2-ри декември. Новата зграда се очекува да чини 25 милиони евра.
***
Петнаесеттиот Фестивал на тркала беше отворен во Aнкарa во петокот (4-ти декември). Настанот, организиран од Филмското здружение на Анкара со поддршка на турското Министерство на култура, ќе се префрли во црноморскиот град Артвин на 11-ти декември, пред да пристигне во Скопје, Maкедонијa на 18-ти декември. Овогодинешниот фестивал вклучува десет филмови кои се натпреваруваат за Златниот бик. Настанот трае до 20-ти декември.
(Разни извори – 02/12/09-09/12/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's