01/12/2009
Премиерите на трите балкански земји разговараа за заштитата на Националниот парк Преспа. Исто така во дипломатските вести: турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган беше во Триполи и шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, беше во Скопје.
![]() Грчкиот премиер Јоргос Папандреу (во средината) и неговиот албански колега Сали Бериша се фотографираат со жени во носии, во Националниот парк Преспа во петокот (27-ми ноември). [Getty mages] |
Aлбанскиот премиер Сали Бериша и неговиот грчки и македонски колега -- Јоргос Папандреу и Никола Груевски -- имаа неформален состанок на Преспанското Езеро, во Грција, во петокот (27-ми ноември), на кој разговараа околу можностите за соработка во заштитата на Националниот парк Преспа. Тие се согласија да потпишат трилатерален договор за заштитата на регионалната животна средина и одржлив развој, и за унапредување на соработката во областите на водните ресурси, заштитата од загадувањето и заштитата од ерозија.
***
Шведскиот министер за надворешни работи, Карл Билт, чија земја претседава со ЕУ, во петокот (27-ми ноември) рече дека не очекува Грција да стави вето на разговорите на Maкедонија за пристапување во ЕУ на самитот на Европскиот совет на 7-ми декември, и покрај долготрајниот спор околу името помеѓу двете држави. Билт, кој беше во куса посета на Скопје, се состана со премиерот Никола Груевски и министерот за надворешни работи, Антонио Милошоски, на разговори околу процесот на интеграција на Македонија во ЕУ и позицијата на земјата во врска со спорот околу името.
***
Генералниот секретар на НАТО, Андерс Фо Расмузен, во четвртокот (26-ти ноември) допатува во дводневна посета на Црна Гора. Тој оствари разговори со министерот за надворешни работи, Милан Рочен, министерот за одбрана, Боро Вучиниќ, премиерот Мило Ѓукановиќ, и претседателот Филип Вујановиќ. Од Црна Гора, Расмузен отпатува за Босна и Херцеговинa.
***
Бугарскиот претседател Георги Парванов и неговиот грчки колега Каролос Папуљас на 24-ти ноември се согласија да ги разгледаат начините за продлабочување на билатералните врски. Парванов, кој беше во тридневна официјална посета, истакна дека Софија и Атина ја поддржуваат европската перспектива на сите земји во Западен Балкан. Двајцата претседатели разговараа околу настаните во Југоисточна Европа, ситуацијата во Косово и Босна и Херцеговина, кипарското прашање, спорот околу името на Македонија и шансите на Турција за влез во ЕУ.
***
Словенија ќе го поддржи процесот на интеграција на Maкедонија во ЕУ, рече словенечката министерка за внатрешни работи Катарина Кресал на 24-ти ноември, по состанокот со својата македонска колешка Гордана Јанкуловска. Разговорите помеѓу двете официјални претставнички се фокусираа на престојното укинување на визниот режим на ЕУ за македонските граѓани и соработка во борбата против организираниот криминал и трговијата со луѓе.
***
Либискиот водач Муамер Гадафи се состана со турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган на 24-ти ноември во Триполи. Тие разговараа околу мировниот процес на Блискиот Исток и можните реформи во ОН. Гадафи инсистира на укинување на актуелниот систем на ОН во кој петте постојани членки на организацијата имаат права на вето. Ердоган, исто така, се состана со либискиот колега Багдади Махмуди.
(Разни извори -- 24/11/09-01/12/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's