Култура и спорт: Во Приштина се одржа модна недела

25/11/2009

На Приштинската модна недела беа изложени креации на косовски студенти по дизајн. Исто така во вестите од културата: српскиот писател Момо Капор доби признание за својот придонес во сатирата, и во Приштина се одржа Недела на францускиот филм.
photo

Манекенки на модната писта за време на 11-тото издание на приштинската Модна недела. [Getty Images]

Дваесет и двајца косовски студенти по дизајн ги претставија своите креации во неделата (22-ри ноември), за време на 11-тото издание на Приштинската модна недела. Инспирирани од „времињата на прадедовците и прабабите“, студентите од факултетите за уметност во Приштина, ја претставија својата работа на 50 модели.

***

Српскиот писател Момо Капор ја прими наградата „Радоје Домановиќ“ за својот придонес во српската сатира. Церемонијата ќе се одржи в четврток (26-ти ноември) во Министерството за дијаспора. Наградата ја доделува фондот „Радоје Домановиќ“, а ја основаа српските писатели.

***

Недела на францускиот филм ќе се одржи во приштинските кина од среда (25-ти ноември) до недела. Спонзориран од Француската амбасада во Приштина, настанот вклучува пет филмови, од кои еден е за деца. Концертот со францускиот пијанист Жак Камбра ќе ја заокружи неделата.

***

Филмот „Светот е голем и спасението се прикраднува од зад аголот“, во режија на бугарскиот режисер Стефан Командарев, ја освои наградата Гран при на 16-тиот Меѓународен филмски фестивал во Минск. Филмот е заедничка продукција на Бугарија, Германија, Словенија и Унгарија. Ова е 21-ва награда за филмот, кој досега доби 19 награди и две номинации.

***

Европската филмска академија (ЕФА) го прогласи босанскиот режисер Данис Тановиќ за свој амбасадор на 17-ти ноември. Неговата улога ќе биде промовирање на европските филмови и европските филмски награди. Тановиќ и другите ќе ја претставуваат ЕФА и Европските филмски награди на различни престижни настани.

***

Поврзани написи

Loading

Канскиот победник „Белата трака“ на Мајкл Ханеке, го отвори Фестивалот на европскиот филм „Синедејс“ во Скопјe во петокот (20-ти ноември). Главната селекција на фестивалот вклучува 12 филмови, кои ќе се натреваруваат за наградите Златна и Сребрена ѕвезда. Настанот го организираше Министерството за култура, градот Скопје и Младинскиот културен центар. Истиот завршува в четврток (26-ти ноември).

***

Грчката фудбалска репрезентација се квалификуваше на 18-ти ноември за Светскиот куп во Јужна Африка во 2010 година, по победата над Украина со 1:0. Ова е вторпат Грците да се квалификуваат за престижниот шампионат. Првиот пат беше во 1994 година.

(Разни извори -- 18/11/09 - 25/11/09)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар