24/11/2009
Maкедонскиот премиер го посети Даблин. Исто така во дипломатските вести: хрватскиот претседател Стипе Месиќ во поздравна посета на БиХ и директорот на ФБИ Роберт Мулер се состана со турските претставници во Анкара.
![]() Maкедонскиот премиер Никола Груевски во четвртокот (19-ти ноември) беше во Ирска. [EУ] |
Ирска ја поддржува кандидатурата на Maкедонија за членство и ќе гласа на самитот во декември за започнување на разговорите за пристапување во ЕУ со земјата, рече македонскиот премиер Никола Груевски во четвртокот (19-ти ноември), по разговорите со ирскиот колега Брајан Коен и ирската претседателка Мери Мекалис во Даблин. За време на состанокот, Груевски ги истакна реформите што Македонија ги спроведува, а кои резултираа со позитивен извештај од Европската комисија и препораки за отпочнување разговори за членство во ЕУ.
***
Српскиот претседател Борис Тадиќ и неговиот македонски колега Ѓорге Иванов во четвртокот (19-ти ноември) разговараа околу начините за зајакнување на билатералните односи и ситуацијата во регионот. Иванов, заедно со други официјални претставници, присуствуваше на погребот на поглаварот на Српската православна црква, патријархот Павле.
***
Хрватскиот претседател Стипе Месиќ во четвртокот (19-ти ноември) допатува во Сараево, на последна посета на земјата како шеф на државата. Неговиот мандат истекува во февруари. По разговорите со претседавачот на претседателството на <b>Босна и Херцеговинa</b> (БиХ) Жељко Комшиќ и членот на претседателството Харис Силајџиќ, Месиќ ја потврди поддршката на неговата земја за евроатланската и европската интеграција на БиХ. Тој, исто така, се состана со високиот претставник Валентин Инцко.
***
Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, и грчкиот заменик-министер за надворешни работи, Димитрис Друцас, во средата (18-ти ноември) разговараа за т.н. Агенда 2014 -- атинската иницијатива за членство во ЕУ на земјите од Западен Балкан до 2014 година. Тој истакна дека ЕУ е најуспешен мировен модел и треба да придонесе за мирот и стабилноста на Балканот. Јеремиќ вели дека Србија ги исполнила сите услови за продолжување по својот пат кон интеграцијата во ЕУ.
***
Српскиот министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ, и француските власти, потпишаа официјален договор за полициска соработка и реадмисија, во средата (18-ти ноември) во Париз. Дачиќ рече дека договорот за полициска соработка е од стратегиска важност за Србија. Неговиот француски колега Брајс Хортефо, го пофали како доказ за пријателските односи меѓу двете земји во момент кога Србија се доближува до ЕУ.
***
Директорот на ФБИ, Роберт Мулер, во средата (18-ти ноември) во Анкара се состана со турските официјални претставници, на разговори околу антитерористичката соработка и други прашања поврзани со спроведувањето на законот. Локалните медиуми објавија дека разговорите, исто така, го допреле прашањето на можното користење на Турција како транзитна рута за американските војници кои ќе бидат извлечени од Ирак. За време на посетата, Мулер имаше состаноци со вицепремиерот Чемил Чичек, министерот за правда Садула Ергин и полицискиот началник Огуз Каган Коксал.
***
Велика Британија во понеделникот (23-ти ноември) ја повика Tурција да го одржи своето ветување кон ЕУ и да ги отвори своите пристаништа и аеродроми за кипарските бродови и авиони, истакнувајќи дека тоа ќе биде важен чекор кон интеграцијата на Анкара во ЕУ. „Ја повикувам турската влада да ги исполни своите обврски. Сакаме да видиме повеќе дела отколку зборови“, рече британскиот државен министер за Европа, Крис Брајант, за време на посетата на Никозија.
***
Францускиот министер за одбрана, Херв Морин, во понеделникот (23-ти ноември) предложи неговата земја и Грција да потпишат договор за одбраната и безбедноста. Морин беше во Атина, во прва посета откако партијата ПАСОК дојде на власт во октомври. Двете држави имаа разговори од почетокот на годината за грчкото купување шест европски фрегати за повеќе мисии и 15 хеликоптери Супер Пума.
***
Maкедонскиот премиер Никола Груевски и неговиот грчки колега Јоргос Папандреу ќе се состанат в петок (27-ми ноември) на регионалниот самит за заштита и одржлив развој на регионот на националниот парк Преспа. За време на разговорите на маргините од самитот, двајцата водачи, наводно, ќе дискутираат околу спорот меѓу двете земји во врска со името. Македонија се надева дека ќе добие датум за почеток на своите разговори за пристапување во ЕУ во декември, но се соочува со можно грчко вето.
(Разни извори -- 17/11/09-24/11/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's