23/11/2009
Мајкрософт и српската влада се согласија да го олеснат пристапот до ИТ во училиштата низ земјата. Исто така во вестите од науката: бугарските студенти освоија злато на Олимпијадата за астрономија во Кина.
![]() [Getty Images] |
Српската влада во вторникот (17-ти ноември) потпиша меморандум за разбирање со „Мајкрософт“, за олеснување на пристапот и употребата на ИТ во српските училишта. Документот беше потпишан во рамките на соработката меѓу Министерството за образование и Мајкрософт. Заменик-претседателот на претпријатието за Европа, Блискиот Исток и Африка, Нилс Соелберг, рече дека програмата ќе продолжи до 2013 година.
***
Бугарскиот национален студентски тим освои злато и два бронзени медали на 14-тата Меѓународна олимпијада за астрономија, што се одржа во Хангжу, Кина. Еднонеделниот натпревар заврши на 16-ти ноември.
***
ИБМ и дистрибутерот на производите од ИТ и делови на Босна и Херцеговинa (БиХ), Мегатренд, потпишаа договор за дистрибуција на софтвер во земјата. Генералниот директор на Мегатренд Аднан Бајрамович во четвртокот (19-ти ноември) изјави дека договорот отвора нови можности за развојот на претпријатието и отворање нови работни места. ИБМ е присутен на пазарот во БиХ неколку години, преку својата мрежа за хардверска дистрибуција.
***
Бугарските aрхеолози открија уникатен стаклен ритон со лик на непознато животно за време на ископувањата во близина на југоисточното село Караново, објавија локалните медиуми во вторникот (17-ти ноември). Заедно со садот, научниците најдоа и златен прстен и монети. Работите на тракиската гробница продолжуваат.
***
Една од најголемите конференции за ИТ во регионот -- Мајкрософт синергија ’09 -- беше отворена во вторникот (17-ти ноември) во Белград. Учествуваа повеќе од 1.000 специјалисти и корисници од Србија и од регионот.
***
Романското аеронаутичко и космонаутично здружение објави дека лансирањето на земјата на својата прва ракета, ракетата Хелен, ќе биде презакажано за следната година, откако неколку неуспешни обиди пропаднаа поради лошото време. Последните обиди беа направени над Црното Море на 14-ти ноември. Хелен беше подигната од најголемиот соларен балон во светот на височина од осум милји, пред нејзините мотори да се запалат и да ја лансираат во вселената.
(Разни извори – 16/11/09-23/11/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's