18/11/2009
Саимир Страти постави светски рекорд со својот мозаик на поп-ѕвезда. Исто така во вестите од културата: Дубровничката народна библиотека ја одбележа 140-годишнината од раѓањето на Махатма Ганди, и пред спортската сала во Скопје е откриена биста на починатиот македонски претседател Борис Трајковски.
![]() Саимир Страти ја покажува Гинисовата награда за своето дело. [Getty Images] |
Aлбанскиот уметник Саимир Страти влезе во Гинисовата книга на светски рекорди во средата (11-ти ноември), со својот мозаик на починатиот Мајкл Џексон, направен од 250.000 црни и кафеави сликарски четки. Страти поминувал по 16 часа на ден во период од еден месец на мозаикот, слушајќи ја музиката на Џексон. Ова е четврт Гинисов рекорд за Страти. Тој претходно го создаде најголемиот мозаик во светот со клинци, чепкалки за заби и тапи од шишиња.
***
Изложба по повод 140-годишнината од раѓањето на Махатма Ганди е во тек во Дубровничката народна библиотека до петок (20-ти ноември). На изложбата се прикажани 14 карикатури од индискиот карикатурист Ранга.
***
Биста на починатиот македонски претседател Борис Трајковски беше откриена на 13-ти ноември пред спортската сала во Скопје која го носи неговото име. Бронзената скулптура ја изработи скулпторот Томе Серафимовски.
***
Осум филмови ќе бидат снимени во рамките на четвртиот италијански Фестивал на новиот филм во Загреб и Ријека од вторник (17-ти ноември) до петок. Настанот го организираше италијанскиот Институт на културата во Загреб.
***
Српската тениска ѕвезда Новак Ѓоковиќ победи на Парискиот мастерс турнир во неделата (15-ти ноември), поразувајќи го Французинот Гаел Монфил. Ѓоковиќ (22) рече дека натпреварот бил тежок, бидејќи Монфил бил „непредвидлив“ и „многу силно го удирал топчето“.
***
Белград се најде на врвот на листата на „Лонли планет“ на градови со најдобар ноќен живот и забава во светот. Српскиот главен град, познат како интелектуален центар, беше рангиран на првото место поради своите бројни ноќни клубови, ресторани, барови и дискотеки. Солун, исто така, се најде во првите десет.
***
Солун е домаќин на 50-тото издание на солунскиот Меѓународен филмски фестивал од (13-ти ноември) до недела (22-ри ноември). На настанот ќе бидат прикажани филмови од Романијa, Србијa, Словенијa, Tурција, Албаниј a, Бугарија и Хрватскa, кои ја прикажуваат современата реалност на Балканот.
(Разни извори -- 11/11/09-18/11/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's