17/11/2009
Српскиот претседател Борис Тадиќ во посета на Италија. Во дипломатските вести и ова: Хрватска потврдува дека ќе ја продолжи поддршката на интеграциските напори на Македонија, а Романија и Молдавија се стремат кон повторно воспоставување на врските.
![]() Српскиот претседател Борис Тадиќ (лево) се сретна со папата Бенедикт Шеснаесетти. [Getty Images] |
Српскиот претседател Борис Тадиќ во саботата (14-ти ноември) изјави дека добил поддршка од Ватикан за интеграцијата на Белград во ЕУ и интегритетот и суверенитетот на Србија над Косовo. Тој го изјави ова по разговорите со папата Бенедикт Шеснаесетти. Тадиќ додаде дека тој и Папата се согласиле оти интеграцијата во ЕУ на Западен Балкан до 2014 година е реална.
***
Tурскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, во неделата (15-ти ноември) рече дека неговата земја со оптимизам гледа на претстојното претседавање на Шпанија со ЕУ, кое почнува на 1-ви јануари. На состанокот во Кордоба со шпанскиот колега Мигуел Ангел Моратинос, тие разговараа околу билатералните врски и соработката поврзана со ЕУ.
***
Романскиот претседател на техничката влада, Емил Боц, во петокот (13-ти ноември) рече дека потпишувањето договор за пограничен сообраќај со Молдавија сигнализира повторно отпочнување на врските помеѓу соседите. По состанокот со својот молдавски колега Влад Филат, Боц рече дека истиот го одбележува продолжувањето на економските, културните и дипломатските врски.
***
Хрватскa ќе ја оствари својата главна цел за пристапување во ЕУ и ќе ги охрабри другите земји во регионот да го следат нејзиниот пример, рече во петокот (13-ти ноември) во Рим хрватскиот претседател Стипе Месиќ, на состанокот со италијанскиот колега, Џорџо Наполитано. Наполитано изрази поддршка за кандидатурата на Загреб за ЕУ и за интеграцијата на другите земји во регионот.
***
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони во петокот (13-ти ноември) изрази поддршка за кандидатурата на Србијa за ЕУ. „Сакаме да ја потврдиме нашата желба да ја имаме Србија како партнер и членка на ЕУ“, им рече Берлускони на новинарите на заедничката прес-конференција со српскиот претседател Борис Тадиќ во Рим. Тој додаде дека српското членство ќе помогне за регионалната стабилност.
***
Хрватскa ќе продолжи со поддршката за кандидатурите на Maкедонија за пристапување во ЕУ и НАТО, рече премиерката Јадранка Косор на 10-ти ноември, по разговорите со македонскиот колега Никола Груевски во Скопје. Груевски истакна дека искуството што Хрватска го стекна е важно за неговата земја. Двајцата премиери се согласија дека билатералните односи се добри, но може уште повеќе да се зајакнат.
***
Германија го поддржува деблокирањето на привремениот трговски договор на Србија со ЕУ и ќе разговара со европските партнери кои сé уште се противат, рече канцеларката Ангела Меркел во понеделникот (16-ти ноември), по разговорите со српскиот претседател Борис Тадиќ. Белград треба да аплицира за членство во ЕУ дури откако ќе стапи на сила договорот, додаде Меркел. Договорот, дел од Договорот за стабилизација и асоцијација на Србија (ДСА), е на тенок мраз, додека Белград не биде заклучено дека целосно соработува со Трибуналот на ОН за воени злосторства.
***
Словенечкиот министер за надворешни работи, Самуел Збогар, во понеделникот (16-ти ноември) изјави дека Босна и Херцеговина ги исполни сите услови за визната либерализација. По состанокот со политичките водачи, тој ги повика да се согласат со уставните измени кои ќе ја направат земјата пофункционална и ќе ѝ овозможат да го забрза својот процес на интеграција во ЕУ. Збогар, исто така, се состана со високиот претставник Валентин Инцко.
(Разни извори – 10/11/09-17/11/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's