11/11/2009
Филмот на романскиот режисер Кристијан Мунгиу ставен на импресивна листа. Исто така во вестите од културата: во Загреб се одржаа Денови на српската култура и во македонско село беше поставен камен-темелник на споменикот на Мустафа Кемал Ататурк.
![]() Романскиот режисер Кристијан Мунгиу. [Getty Images] |
Романскиот филм „Четири месеци, три недели и два дена“, во режија на Кристијан Мунгиу, беше вклучен во листата на 100 најдобри филмови на деценијата, објавена во весникот The Times. Филмот, кој ја освои Златната палма на Канскиот филмски фестивал во 2007 година, беше рангиран на 14-тото место на листата.
***
Четвртите Денови на српската култура беа отворени во Загреб во неделата (8-ми ноември). Настанот, кој ќе биде отворен до декември, е организиран од српското културно друштво, Просвета, и вклучува изложби, претстави, презентации на романи и куси приказни.
***
Српскиот филм „Тука и таму“, во режија на Дарко Лунгулов, освои три награди на фестивалот Синема туз екран, кој се одржа во неделата (8-ми ноември) во Женева. Филмот ја освои наградата за најдобар режисер, меѓународната награда на критичарите и наградата за охрабрување на филмската дистрибуција.
***
Камен-темелникот на споменикот на Мустафа Кемал Ататурк, основачот на современа Турција, беше поставен во Коџаџиќ, Maкедонијa, каде што некогаш се наоѓала куќата на неговите родители. Министерката за култура, Елизабета Канческа-Милевска и турскиот заменик-министер за култура, Нихат Гул, присуствуваа на церемонијата. Проектот чини околу 650.000 евра.
***
Косовското Mинистерство за култура го наименува Бирбуќе Бериша за нов директор на Националниот театар во четвртокот (5-ти ноември). Бериша е истакнат локален продуцент на театарски претстави, филмови и телевизиски програми.
***
Еднонеделниот Меѓународен театарски фестивал заврши во неделата (8-ми ноември) во Приштинa. Трупи од Белгија, Словенија, Украина, Австрија, Maкедонијa, Италија и Косово учествуваа на првото издание на настанот, спонзорирано од Министерството за култура.
***
Бурса, во Турција ќе биде домаќин на четвртото издание на Меѓународниот филмски фестивал Патот на свилата, од 14-ти до 22-ри ноември, на кој ќе бидат прикажани скоро 140 филмови од 45 земји низ целиот свет. Овогодинешното издание ќе ја одбележи 95-годишнината од турскиот филм.
***
Хрватските гимназијалци освоија пет медали на Светскиот куп во Осиек кој заврши во понеделникот (9-ти ноември). Тијана Тркалчец освои сребро во категоријата прескок на коњ, а Томислав Марковиќ беше втор во финалето на вежби на партер за мажи. Тина Ерцег освои бронза во вежбите на партер за жени и во категоријата на греда. Маријо Мозник беше трет во натреварот на разбој за мажи. Осиек беше последна станица во кругот на Светскиот куп 2009.
(Разни извори – 05/11/09-11/11/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's