Култура и спорт: Копија на Берлинскиот ѕид сега и во Белград

04/11/2009

Картонската копија на Берлинскиот ѕид во Белград ја одбележа 20-годишнината од неговиот пад. Исто така во вестите од културата: њујоршкиот џез-пејач Мајлс Грифин го отвори петтото издание на Приштинскиот џез-фестивал, и Сплит беше домаќин на Деновите на француската култура.
photo

Белград доби картонска копија на Берлинскиот ѕид. [Getty Images]

Германскиот уметник Франк Ботлер ја подигна картонската копија на Берлинскиот ѕид во центарот на Белград по повод 20-годишнината од неговиот пад. Според Ботлер, белградскиот плоштад Република, претставува најдобрата локација за конструкцијата висока 3 метри и долга 14 метри, поради конфликтите во 1990-тите на Балканот. Случајните минувачи можат да цртаат графити на ѕидот пред неговото симболично рушење в понеделник (9-ти ноември).

***

Њујоршкиот џез-вокалист Мајлс Грифин го отвори петтото издание на Приштинскиот џез фестивал во неделата (1-ви ноември), пеејќи заедно со словенечките, српските и австриските вокалисти и групата ЏР5+. Само една косовска група ќе настапи на десетдневниот настан, на која доминираат американски и западноевропски групи и џез-музичари.

***

Сплит, во Хрватскa, беше домаќин на Деновите на француската култура и 16-тите Вечери на шансоната од четвртокот (29-ти октомври) до неделата. На настанот беа прикажани филмови, предавања, изложби и театарски работилници. Истиот беше организиран од неколку културни институции во Хрватска и странство и беше поддржан од Француската амбасада во Загреб.

***

Документарниот филм „Довидување, како сте?“ на српскиот режисер Борис Митиќ, ја освои наградата за најдобар среднометражен филм на 5-тиот Меѓународен фестивал на документарниот филм во Мексико ДОЦСДФ. Околу 148 филмови од повеќе од 40 земји беа прикажани на фестивалот, кој се одржа од 15-ти октомври до 24-ти октомври.

***

Пар чевли кои ѝ припаѓале на поп-легендата Мадона, беа продадени за 10.000 евра на добротворната вечер по повод Ноќта на вештерките во Букурешт во саботата (31-ви октомври). Пејачката одлучи да ги стави на аукција едни од своите омилени чевли на Кристијан Диор, за собирање пари за образование на сиромашните деца во Романија.

***

Поврзани написи

Loading

Фестивалот на Народниот театар беше отворен во Букурешт во саботата (31-ви октомври). Настанот вклучуваше 90 различни настани, вклучително и 21 театарска претстава, презентации на книги и конференции. Настанот завршува на 8-ми ноември.

***

Министрите за култура на Србија, Босна и Херцеговина и Хрватска во понеделникот (2-ри ноември) постигнаа согласност во Сараево да работат заеднички на вклучување на средновековни надгробни плочи познати како „стечи“ на листата на УНЕСКО на светското наследство. Плочите „стечи“ ги има низ целиот регион. Тие се посебни поради своите декоративни мотиви, како спирали, розети, лозови листови и грозје. Се верува дека тие датираат од 12-тиот век и се поврзуваат со босанската црква.

(Разни извори – 28/10/09-04/11/09)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар