Бизнис: Обновена железничка пруга

23/10/2009

По скоро две децении, железничката пруга помеѓу главните градови на Србија и Босна и Херцеговина е повторно отворена. Исто така во бизнис вестите: Македонија доби 66 нови ветерници и косовското претпријатие за моторни возила е новиот официјален дилер на „форд“, „ленд ровер“ и „нисан“.
photo

Билетот за воз од Сараево за Белград ќе чини 25 евра. [Getty Images]

Железничките власти на Босна и Херцеговинa и Србија во вторникот (20-ти октомври) се договорија да ја обноват, по 18-годишен прекин, директната железничка линија Сараево-Белград-Сараево, почнувајќи од 13-ти декември. Билетот во еден правец чини 25 евра, а патувањето трае осум и пол часа.

***

Инсталирањето на 66 ветерници во близина на Штип, во Maкедонијa, се очекува да почне во пролет 2010 година. Шпанското претпријатие Инвал ги испита можностите за користење на ветровата енергија за производство на електрична енергија во земјата.

***

Maкедонијa ќе воведе забрана за пушење во кафулиња и ресторани почнувајќи од 1-ви јануари 2010 година. Според сегашните регулативи, пушењето е дозволено само во 50 отсто од просторот, но законот не е влезен во сила. Пушачите кои ќе ја прекршат забраната по 1-ви јануари 2010 година ќе бидат парично казнети со 300 евра, а сопственикот на кафулето или ресторанот ќе биде казнет со 2000 до 4000 евра.

***

Мисијата на ММФ пристигна во четвртокот (22-ри октомври) во Белград за истовремено втор и трет преглед на стенд-бај аранжманот од 2,92 милијарди евра со земјата. Мисијата ќе остане во Србија до 4-ти ноември. Заклучоците на експертите ќе одлучат дали да бидат исплатени преостанатите 1,2 милијарди евра од заемот кој Србија треба да го добие оваа година.

***

Европската банка за реконструкција и развој вели дека економијата на Aлбанија ќе забележи раст од 3 отсто во 2009 година. Првите шест месеци беа силни за земјата со 4-5 отсто раст, додека втората половина од годината ќе биде значително полоша, со очекуван пад од 1,6 отсто, рече шефот на канцеларијата на ЕБРД во Тирана, Даниел Берг, во вторникот (20-ти октомври).

***

Поврзани написи

Loading

Косовското претпријатие за моторни возила ќе биде официјален локален дилер на „форд“, „ленд ровер“ и „нисан“, објавија во понеделникот (19-ти октомври) претставниците на претпријатието. Тие додадоа дека нивните идни планови треба да обезбедат одржување и сервис на автомобилите за трите бренда.

***

Романијa ќе се соочи со раст на цените по претседателските избори на 22-ри ноември, предупредува извештајот на Прајсвотерхаускуперс во средата (21-ви октомври). Предвидувањата се драстични, бидејќи цената на струјата се очекува да порасне за околу 30 отсто, а цените на горивото за најмалку 20 отсто. Цените на цигарите се очекува да се зголемат за 34 отсто.

(Разни извори – 16/10/09-23/10/09)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар