29/09/2009
Косово бара членство во меѓународните организации и проширено меѓународно признавање. Исто така во дипломатските вести: претседателот на Азербејџан ја посети Романија.
![]() Косовскиот министер за надворешни работи, Скендер Хисени, беше во Њујорк на 64-тата седница на Генералното собрание на ОН. [Getty Images] |
Косовскиот министер за надворешни работи, Скендер Хисени, во Њујорк, на 64-тата седница на Генералното собрание на ОН се состана со официјални претставници на Арапската лига, на разговори околу членството во меѓународните организации. Тој оствари разговори со словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, околу можностите за признавање на Косово од страна на Братислава. Словачка е една од петте членки на ЕУ кои сé уште не ја признале независноста на Косово.
***
Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во четвртокот (24-ти септември) во Њујорк, се состана со американскиот претседател Барак Обама. Сејдиу ѝ се заблагодари на американската администрација за нејзината посветеност и поддршка и изрази надеж дека специјалните односи меѓу Приштина и Вашингтон ќе се зајакнат уште повеќе.
***
Азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, кој е во дводневна посета на Романијa, во понеделникот (28-ми септември) се состана со претседателот Трајан Басеску. Тие потпишаа неколку документи со цел унапредување на билатералната соработка и зајакнување на врските меѓу двете земји.
***
Генералниот секретар на Светската царинска организација Кунио Микурија во понеделникот (28-ми септември) и вторникот беше во Скопје, каде што се состана со директорот на македонската Царинска администрација Ванчо Каргов. Тие се очекува да потпишат меморандум кој предвидува отворање регионален центар за обука.
***
Српскиот претседател Борис Тадиќ во вторникот (29-ти септември) ја започна дводневната посета на Словенија, за време на која ќе разговара со претседателот Данило Турк, премиерот Борут Пахор и претседателот на парламентот Павел Гантар. Фокусот ќе биде ставен на билатералните односи, ЕУ и економската соработка. Тадиќ, исто така, присуствуваше на српско-словенечкиот бизнис форум во Љубљана.
(Разни извори 22/09/09-29/09/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's