Култура: Бугарското богатство Панаѓуриште доаѓа дома

22/07/2009

По 18 месеци во странство, бугарското богатство Панаѓуриште се враќа од Јапонија. Исто така во вестите од културата: романскиот женски мечувалски тим освои злато на Европскиот шампионат и албанскиот тим го победи својот шкотски противник на квалификациите од Европската лига.
photo

Богатството Панаѓуриште се врати во Софија. [Getty Images]

Познатото бугарско златно богатство се врати во Националниот музеј на историјата во Софија, откако една и пол година беше изложено во Јапонија. Богатството е повторно изложено за јавноста, објави музејот во четвртокот (16-ти јули). Колекцијата се состои од шишенце, амфора и седум ритони со вкупна тежина од 6.164 килограми, 23-каратно злато.

***

Златната медала на Европскиот шампионат во мечување отиде во рацете на романскиот женски тим. Настанот се одржа во Пловдив, Бугаријa, во саботата (18-ти јули). Во финалето Романците ја победија Полска со 36:34.

***

Шест турски музеи ќе се борат за наградата Европски музеј на годината за 2010 година, објави новинската агенција Анадолу во средата (15-ти јули). Европскиот музејски форум го одржува натпреварот секоја година, под покровителство на Советот на Европа. Шесте турски кандидати се: музејот Синопска археологија, музејот Корум, музејот Туркие ис Банкаси, музејот Бешикташ гимастички клуб, Истанбулскиот музеј на современа уметност и Сунајскиот музеј на кукли.

***

Aлбанскиот фудбалски тим Фљамуртари го победи шкотскиот тим Мадервел во четвртокот (16-ти јули), на натпреварот во Валона. Албанците постигнаа победа од 1:0 во натпреварот, кој се играше во рамките на Европската квалификациска лига. Во четвртокот Мадервел ќе биде домаќин на Фљамуртари, на вториот круг од натпреварот.

***

Бугарката Maрија Гроздева ја освои својата деветта европска титула во спортско стрелаштво на Европското првенство во Осиек, <b>Хрватскa</b>, во неделата (19-ти јули), објавија бугарските медиуми. Гроздева се рангираше на првото место во дисциплината 25 метри пиштол, со вкупно 791 поен.

***

Поврзани написи

Loading

Aлбанското Министерство за култура одлучи да понуди бесплатен влез во скоро 12 музеи од земјата, во обид за привлекување повеќе посетители, објавија локалните медиуми во петокот (17-ти јули). Посетите на музеите ќе бидат бесплатни за јавноста еднаш во месецот и на државните празници.

***

Романијa го одбележа Денот на воздухопловните сили во понеделникот (20-ти јули), објави Медиафакс. Воздухопловните сили во земјата се подготвени да се соочат со новите предизвици во врска со членството на Романија во НАТО и ЕУ, рече претседателот Трајан Башеску на официјалните прослави.

(Разни извори – 15/07/09 - 22/07/09)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар