Дипломатски дневник: Солана ја започна регионалната турнеја

14/07/2009

Шефот за безбедност на ЕУ е во Белград. Исто така во дипломатските вести: американска конгресна делегација ја посети БиХ и турскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давутоглу, беше во Србија.
photo

Шефот за безбедност на ЕУ, Хавиер Солана (лево), во понеделникот (13-ти јули) се состана со српскиот претседател Борис Тадиќ. [Getty Images]

Шефот за надворешна политика на ЕУ, Хавиер Солана, во понеделникот (13-ти јули) беше во Белград, првата станица во неговата тридневна посета на регионот. За време на престојот во Србијa, Солана се состана со претседателот Борис Тадиќ, премиерот Мирко Цветковиќ, министерот за надворешни работи, Вук Јеремиќ, и други владини претставници. Во вторник Солана ќе отпатува во Maкедонијa, каде што ќе се состане со премиерот Никола Груевски. Подоцна истиот ден тој се очекува во Приштина, на разговори со косовскиот претседател Фатмир Сејдиу и премиерот Хашим Тачи. В среда тој ја завршува турнејата во Црна Гoра.

***

Новата хрватска премиерка Јадранка Косор ќе се состане со својот словенечки колега Борут Пахор овој месец, објавија локалните медиуми во неделата (12-ти јули). Не се објавени детали околу точниот датум, но состанокот ќе се одржи во Хрватска. Пахор изрази оптимизам дека разговорите ќе бидат можност за важен чекор во долготрајниот пограничен спор помеѓу двете земји.

***

Членовите на трипартитното претседателство на Босна и Херцеговина (БиХ) ги уверија американските конгресмени Рас Карнахан, Мајк Тарнер и Лин Вулси, во неделата (12-ти јули) дека интеграцијата во ЕУ и НАТО се главни приоритети на земјата. Американската делегација, исто така, се состана со високиот претставник Валентин Инзко. Тие се согласија дека локалните водачи мора и понатаму да работат за создавање ефикасна држава, која ќе може да ги исполни своите домашни и меѓународни обврски.

***

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу ги повика македонските власти да не го одложуваат воспоставувањето официјални дипломатски односи со неговата нова независна држава, објавија локалните медиуми во неделата (12-ри јули). Сејдиу беше во Македонија, каде што присуствуваше на отворањето на 49-тиот фестивал Охридско лето, заедно со албанскиот претседател Бамир Топи.

***

Американскиот заменик државен секретар Џејмс Стајберг вели дека билатералните прашања не смеат да бидат пречка за евроатланската интеграција на балканските земји. Стајберг одржа разговори со македонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, на маргините од регионалниот самит во Дубровник минатата недела. Тој изрази надеж дека Македонија и Грција наскоро ќе постигнат комромис во нивниот спор околу името.

***

Холандскиот министер за надворешни работи, Максим Верхоген, ја одложи планираната посета на Белград поради наводен судир околу агендата, објавија српските медиуми во петокот (10-ти јули). Посетата беше закажана за 21-ви јули.

***

Поврзани написи

Loading

Tурскиот министер за надворешни работи, Ахмет Давуроглу, во петокот (10-ти јули) беше во Србијa, каде што се состана со својот колега Вук Јеремиќ. Тој, исто така, отпатува за Нови Пазар, каде што разговараше со локалните власти и водачите на најголемите бошњачки партии -- Расим Љајиќ од Демократската партија партија Санџак (СДП) и водачот на Демократската акција (СДАС), Сулејман Угљанин.

***

Aлбанската полиција и британската Агенција за сериозен организиран криминал (СОЦА) ќе ја зајакнат соработката, изјави во понеделникот (13-ти јули) полицискиот началник Ахмет Пренци, по состанокот со генералниот директор на СОЦА Бил Хјуз. Тие разговараа околу напорите за борба против тероризмот и организираниот криминал. Хјуз вети дека СОЦА ќе й помогне на албанската полиција во вид на обука и партнерски проекти.

(Разни извори -- 07/07/09-14/07/09)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар