Наука и технологија: 3Г технологијата на Водафон ќе се нуди во Турција

13/07/2009

Турски Водафон ќе донесе 3Г технолошки услуги во земјата. Исто така, во вестите од науката: тракиско светилиште откриено во Бугарија и наставата на хрватскиот универзитет ќе биде бесплатна за успешните ученици.
photo

[Getty Images]

Водафон Tурција во вторникот (7-ми јули) објави дека ќе почне да нуди 3Г технолошки услуги, почнувајќи од 30-ти јули, објави новинската агенција Анадолу. Претпријатието во соопштението вели дека поголем дел од неговите странски инвестиции во Турција во 2009 година бил наменети за изградба на најсовремена 3Г мрежа. Услугите ќе вклучуваат видео-повици, мобилни телефони и брз мобилен интернет за телефони и бележници.

***

Експерти од Универзитетот во Единбург и букурешкиот Институт за археологија открија човечки траги од раниот месолитски период во археолошкиот локалитет Шела Кладовеи, југозападна Романија, објави Агерпрес на 3-ти јули. Артефактите вклучуваат керамички сад, големи садови за печење, врвови од стрели и делови од олтар за светилиште, од цивилизација која датирала од 7100 до 5500 година п.н.е.

***

Бугарските спелеолози од Велика Трново открија уникатно тракиско светилиште во северна Бугарија, додека ги проучуваа пештерските предмети долж Дунав, објави Фокус на 2-ри јули. Светилиштето е слично на т.н. пештера Матка во близина на јужниот град Караџали, и вклучува гробници, ниши и олтар.

***

Жителите и посетителите на Aтина ќе имаат бесплатен пристап до безжичен интернет во областа Гази, преку програмата за информатичко општество што ја отпочна општината Атина, објави АНА-МПА на 6-ти јули. Проектот е дел од Информатичкото општество СА дигитална стратегија на локалните власти. Најсовремената опрема на Гази технополис центарот ги опфаќа надворешните области на комплексот, плоштадот Керамеикос и поранешниот корејски пазар.

***

Поврзани написи

Loading

Кипар го зголеми учеството во БДП наменето за истражување и развој во 2007 година, но сé уште е далеку под целта на ЕУ за учество од 3 отсто во БДП до 2010 година, објави Фајненшал мирор на 6-ти јули. Според податоците на статистичката служба на земјата, вкупните трошоци за истражување и развој во Кипар во 2007 година се проценуваат на околу 70,1 милиони евра или 0,45 отсто од БДП, нешто повеќе од 61,4 милиони евра (0,43 отсто од БДП) во 2006 година.

***

Хрватскиот министер за наука и образование, Радован Фуч, во средата (8-ми јули) рече дека целата универзитетска настава во земјата ќе биде бесплатна за студентите кои ќе ги положат своите испити. Според Фуч, учебниците за пониските степени на образование е можно да се наплаќаат, иако некои студенти може да добијат право на бесплатни учебници.

(Разни извори – 06/07/09-13/07/09)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар