Бизнис: ЈАТ повторно почна да лета до Дубровник

03/07/2009

ЈАТ ќе лета до хрватското крајбрежје двапати неделно ова лето. Исто така, во бизнис вестите: Кипар има највисоко зголемување на даноците меѓу земјите на ЕУ и хрватската берза реагира на оставката на премиерот Иво Санадер.
photo

Српскиот авиопревозник не леташе до Дубровник во изминативе 18 години. [Getty Images]

Српскиот национален авиопревозник ЈАТ во четвртокот (2-ри јули) започна сезонска авиоврска која ги поврзува Белград и Дубровник по 18 години прекин. Летови меѓу двете дестинации ќе има двапати неделно до крајот на август -- во понеделниците и четвртоците. Дубровник ќе биде вториот хрватски аеродром кој ќе го сервисира ЈАТ, по летовите до Пула кои започнаа минатото лето.

***

Кипар регистрираше најголем скок на даноците за граѓаните и претпријатијата меѓу 27-те членки на ЕУ, објави весникот Cyprus Mail на 26-ти јуни, наведувајќи статистички податоци објавени од Еуростат. Земјата, исто така, забележа највисока имплицитна даночна стапка во главниот град и најнизок корпоративен данок.

***

Новиот терминал на аеродромот во Пловдив во Бугаријa беше официјално отворен во средата (1-ви јули), објавија локалните медиуми. Новиот терминал ќе почне со летови на 1-ви август, објави министерот за транспорт, Петар Мутафчиев.

***

Изненадната оставка на хрватскиот премиер Иво Санадер во средата (1-ви јуни) предизвика пад од 4 отсто на главниот индекс на Загребската берза. Во еден момент падот достигна 6,07 отсто. Индексот беше намален на 3,93 отсто на крајот од денот.

***

Mакедонскиот министер за финансии, Трајко Славески, во средата (1-ви јули) ги отфрли шпекулациите за негова можна смена. Според министерот, шпекулациите во медиумите за негово разрешување произлегле од друштвената интернет мрежа Фејсбук.

***

Поврзани написи

Loading

Европската комисија го одобри Повеќегодишниот индикативен плански документ за Босна и Херцеговинa (БиХ) за 2009-2012 година во средата (1-ви јули). Околу 303,3 милиони евра финансиска помош од Предпристапниот инструмент за помош ќе ги помогнат политичките и економските реформи, градењето на институциите и ќе го зајакнат капацитетот на БиХ за исполнување на обврските за членство во ЕУ.

***

Министерот за финансии Драган Вранкиќ и германскиот амбасадор во Босна и Херцеговинa, Јоаким Шмит, во четвртокот (2-ри јули) потпишаа договор за финансиска соработка, кој ќе загарантира околу 53,5 милиони евра финансиска помош за земјата. Парите ќе бидат искористени за поддршка на проекти од енергетскиот сектор, водостопанисувањето и изградбата на парк на ветар.

(Разни извори – 26/06/09-03/07/09)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар