01/07/2009
Романскиот шаховски велемајстор Нисипеану победи во Франција. Исто така во вестите од културата: албанскиот писател Кадаре е добитник на наградата за литература Астуриас 2009, и турската влада му врачи признание на историчарот Кемал Карпат.
![]() Романскиот шахист Ливиу Диетер Нисипеану победи на францускиот Шаховски куп. [Getty Images] |
Меѓународниот велемајстор Ливиу Диетер Нисипеану, моментно најдобар романски шахист и поранешен европски шампион, победи на францускиот Шаховски куп во неделата (28-ми јуни) како дел од францискиот тим Кличи ечекс 92, објави Agerpres. Кличи ечекс 92 го победи Иври Гранд Рок со 3:1. Нисипеану игра професионално за различни клубови во Романија, Франција и Германија.
***
Познатиот албански писател Исмаил Кадаре ја доби наградата за литература Астуриас 2009 на 24-ти јуни. Наградата ја доделува секоја година Принцот на фондацијата Астуриас, предводена од шпанскиот престолонаследник, принцот Фелипе, на поединци или институции чие креативно дело или студии даваат придонес во универзалната култура.
***
Историчарот Кемал Карпат ја освои почесната награда на турскиот парламент за 2009 година за „извонредни достигнувања на меѓународната сцена и придонес во промовирањето на Турција во светот“, објави весникот Ватан во петокот (26-ти јуни). Карпат е специјалист за отоманската историја и е моментно професор на Универзитетот во Висконсин.
***
Изложба посветена на Бугаријa во Првата светска војна, беше отворена во Виенскиот музеј за воена историја на 24-ти јуни, објави Софиската новинска агенција. Изложбата е насловена како „Непознат сојузник - Бугарија во Првата светска војна“ и ќе трае до февруари 2010 година. Истата содржи различни предмети како што се униформи, оружје, документи, фотографии и каталог.
***
Новиот музеј Акропол во Aтина привлече повеќе од 90.000 посетители првите седум дена по официјалното отворање на 20-ти јуни, рече грчкиот министер за култура Антонис Самарас во понеделникот (29-ти јуни). Во просек околу 11.000 билети беа продадени преку Интернет продажбата на веб-страницата на музејот во првите пет дена. Министерот објави дека музејот ќе биде отворен од 8 часот наутро до 8 часот навечер цела година.
***
Оркестарот ДИАКО од Ѓаково, Хрватскa, беше прогласен за најдобар тамбурашки оркестар во светот на Вториот светски фестивал на тамбура 2009 во Дероње, Србијa, кој се одржа од петокот (26-ти јуни) до неделата.
(Разни извори -- 24/06/09-01/07/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's