Дипломатски дневник: Во Скопје отворена амбасада на Словачка

30/06/2009

Словачка стана 28-мата земја што отвори амбасада во македонскиот главен град. Исто така во дипломатските вести: Хрватска и Србија се согласија да ја зајакнат економската соработка.
photo

Словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак (десно), и неговиот македонски колега, Антонио Милошоски, наздравуваат на отворањето на Словачката амбасада во Скопје во четвртокот (25-ти јуни). [Getty Images]

Словачкиот министер за надворешни работи, Мирослав Лајчак, во четвртокот (25-ти јуни) беше во Maкедонијa, каде што присуствуваше на официјалното отворање на Словачката амбасада во земјата. Словачка е 28-мата земја што отвори амбасада во македонскиот главен град. За време на посетата Лајчак и неговиот македонски колега Антонио Милошоски потпишаа договор за странски инвестиции.

***

Грчката министерка за надворешни работи, Дора Бакојани, се состана со нејзиниот турски колега, Ахмет Давутоглу, на маргините од дводневниот состанок на министрите за надворешни работи на ОБСЕ, што се одржа изминатиот викенд на Крф. Министрите разговараа околу чекорите за враќање на довербата и намалување на тензиите меѓу двата соседи. Бакојани ја прифати поканата да ја посети Анкара во обид за решавање на билатералните прашања и подобрување на односите.

***

Поврзани написи

Loading

Кинескиот претседател Ху Јинтао во четвртокот (25-ти јуни) се состана со својот турски колега во посета на земјата, Абдула Ѓул. Двајцата водачи се согласија дека треба да се вложат заеднички напори за понатамошно зајакнување на пријателските односи и соработката меѓу двете земји. Ѓул, кој беше во Кина за првпат како претседател, истакна дека Турција сака понатамошно зајакнување на својата антитерористичка соработка со Кина.

***

Хрватскиот министер за економија, Дамир Поланчец, и неговиот српски колега Млаѓан Динкиќ, во средата (24-ти јуни) во Загреб потпишаа договор за економска соработка. Соработката ги опфаќа областите на бродоградежништво, енергија, електроинженеринг, инфраструктура, земјоделство, туризам и прехранбената индустрија.

(Разни извори -- 23/06/09-30/06/09)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар