29/06/2009
Романската влада ќе потроши 11 милиони евра за вакцина против свинскиот грип. Исто така во вестите од науката: турски научник направи специјална алатка за операција на срце и во Кипар најдени антички бунари.
![]() Романија работи на борбата против свинскиот грип. [Getty Images] |
Романската влада ќе му додели 11 милиони евра на Институтот Кантакузино, за да произведе околу 5 милиони дози вакцина против свинскиот грип, почнувајќи од 15-ти јули. Досега во Романија се објавени 19 случаи од вирусот А/Х1Н1.
***
Tурскиот научник Мурат Дикменгил од Тракискиот универзитет за медицина, измисли специјална игла и конец која ќе ги скрати операциите на срце и ќе го зголеми процентот на успешни операции, објави новинската агенција Анадолу на 21-ви јули. Турскиот пронајдок беше произведен во Германија.
***
Банката на Грција формираше комисија на научници и академици која ќе спроведе студија за евентуалните економски, социјални и еколошки последици од климатските промени во Грција, објавија медиумите на 19-ти јуни. Студијата, финансирана од банката, се очекува да трае околу две години.
***
За време на ископувањата во Кипар, археолозите од Универзитетот Единбург открија неколку бунари за кои се верува дека датираат од Камено време, што го прави најстари во светот. Скелет на жената е најден на дното на еден од бунарите. Откопани се вкупно шест бунари стари помеѓу 9.000 и 10.500 години.
***
Косовскотo Министерство за култура одвои 100.000 евра оваа година за ископување и реконструкција на археолошкиот парк во Улпијана, во близина на Приштина. Највреден предмет откопан на локацијата е саркофагот, за кој се верува дека й припаѓал на важна Илирка.
(Разни извори – 22/06/09-29/06/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's