26/06/2009
Македонските домати се хит на меѓународниот пазар. Исто така во бизнис вестите: Романија и ЕК потпишаа меморандум од 5 милијарди евра и во Бугарија продолжува рецесијата.
![]() Трендот на извоз на домати продолжува во Македонија. [Getty Images] |
Tековниот тренд на раст на извозот на домати во Maкедонијa продолжува оваа година, при што скоро 80 отсто од нејзината берба е веќе извезена, објави Министерството за земјоделство. Позитивниот тренд се очекува да продолжи во текот на летото, кога производството го достигнува својот максимум. Во 2008 година Македонија извезе околу 62.526 тони домати во вредност од 21,12 милиони евра, скоро дупло од 36.593 тони извезени во 2005 година.
***
Романијa и Европската комисија потпишаа меморандум за заем во висина од 5 милијарди евра со цел да й помогнат на Романија во справувањето со финансиската криза, објави Медиафакс во вторникот (23-ти јуни). Договорот беше потпишан со комесарот за економски и монетарни прашања на ЕУ, Хоакин Алмуња, и романскиот премиер Емил Боц.
***
Tурција распиша тендер за изградба на автопат меѓу Истанбул и Измир во петокот (19-ти јуни), кој ќе го намали времето на патување за три часа, објавија локалните весници. Проектот, исто така, вклучува изградба на еден од најдолгите мостови во светот, кој ќе се протега над Заливот на Измир.
***
Ресецијата во Бугаријa продолжува и се очекува да се вовлече и во 2010 година, се вели во извештајот на Европската комисија (ЕК) за јавните финансии, објавен во вторникот (23-ти јуни). Според извештајот, Бугарија се соочува со предизвикот на одржлив развој во голема светска економска криза. Документот препорачува спроведување цврста политика за коригирање на нејзиниот голем надворешен дефицит и подобрување на квалитетот на јавните трошоци.
***
Конзорциумот Енер-Алб проџектс ја доби концесијата за изградба на пристаниште за јахти во Заливот Лалези, во близина на Драч, Aлбанијa, објавија локалните медиуми во средата (24-ти јуни). Конзорциумот победи со понудата од 9,6 милиони евра и ќе управува со пристаништето 32 години.
***
Пензискиот фонд на Косовo изгуби 92,5 милиони евра минатата година, објавија независните ревизори во вторникот (23-ти јуни). Загубите се резултат на рецесијата што ги погоди финансиските институции, каде што повеќето заштеди на Пензискиот фонд.
(Разни извори – 19/06/09-26/-6/-09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's