27/05/2009
Наградата „специјална земја“ на дваесет и вториот по ред Техерански саем на книгата, ја доби Турција. Исто така, во вестите од културата: новиот атински музеј Акропол ќе биде официјално отворен, и Меѓународниот фестивал на циркуската уметност е отворен во Букурешт.
![]() Дваесет и вториот Меѓународен саем на книгата во Техеран. [AФП] |
Tурција ја освои наградата „специјална земја“ на 22-риот меѓународен Техерански саем на книгата, што се одржа од 6-ти до 16-ти мај во Иран, соопшти во петокот (22-ри мај) турското Министерство за култура. Вкупно 5,5 милиони луѓе учествуваа на саемот. Турција учествуваше со 1.700 книги.
***
Новиот атински музеј Акропол официјално ќе биде отворен на 20-ти јуни, рече грчкиот министер за култура Антонис Самарас во средата (20-ти мај). На церемонијата се очекува да присуствуваат странски официјални претставници, уметници и академици. Новиот музеј е изграден како дел од кампањата на Грција за враќање на историските споменици од Британскиот музеј во Лондон.
***
Второто издание на Меѓународниот фестивал на циркуската уметност започна во вторникот (26-ти мај) во Букурешт, објави Хотњус. Настанот ќе биде затворен на 7-ми јуни. Учествуаат три важни циркуски претстави: германскиот циркус Саломе, Циркузот на маски од САД и Националниот чешки циркус Бераусек.
***
Aлбанскиот северен град Скадар е домаќин на петтото издание на Скадарскиот џез фестивал од понеделникот (25-ти мај) до саботата. Италијански и албански џез групи, шпански фламенго и џез-фужн изведувачи, настапуваат на сцената.
***
Брод во сопственост на поранешниот југословенски водач Јосип Броз Тито беше продаден преку јавна аукција во Риека за 107.000 евра, објавија хрватските медиуми во саботата (23-ти мај). Јахтата, порано позната како Галеб, се сметаше за дел од националното културно наследство. Градската власт на Риека го купи бродот неодамна на аукција од либериско претпријатие.
***
Овогодинешниот летен фестивал во Србијa ќе се одржи во текот на месецот јули. Љубителите на џезот во Белград ќе можат да уживаат во настапите на светски познати уметници, вклучително и ирската пејачка Шинед О'Конор.
***
Велосипедската трка Скопје 2009 се одржа по вторпат во македонскиот главен град во саботата (23-ти мај). Настанот, организиран од велосипедското здружение Енерџи, има пет категории: кадети, мастерс, жени, јуниори и елит.
(Разни извори – 20/05/09-27/05/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's