18/05/2009
Романската влада купи лиценци од Мајкрософт за министерствата и владините агенции. Исто така, во вестите: турското Здружение на интернет технологии ќе ја изнесе пред Европскиот суд за човекови права забраната за пристапот до ЈуТјуб, и софтверското пиратство во БиХ малку се намали.
![]() Романската влада ќе купни 163.138 лиценци од Мајкрософт. [Архива] |
Романската влада го овласти Министерството за комуникации да плати 100 милиони евра за 163.138 лиценци на Мајкрософт за министерствата и владините агенции, отсега па до 2012 година, објавија медиумите на 8-ми мај. Лиценците ќе бидат купени со пари од владата, а купувањата ќе почнат следната година.
***
Романскиот парламент на 11-ти мај објави дека ќе формира подкомисија за простор, чија улога ќе биде да ги воведе нормите на просторниот сектор на ЕУ во државното законодавство. Новата комисија е дел од комитетот за информатички технологии и комуникации на Домот на делегатите.
***
Турското Здружение за интернет технологии одлучи да ја оспори забраната воведена минатата година од страна на турскиот суд за пристап до ЈуТјуб, пред Европскиот суд за човекови права, објави весникот Ватан во средата (13-ти мај). Здружението ја донесе оваа одлука откако турскиот суд го отфрли нејзиното барање за прекин на забраната.
***
Учениците од две средни училишта во Букурешт ја претставуваа Романијa на Меѓународниот саем за наука и инженеринг Интел, најголемиот предфакултетски научен натпревар во светот. Истиот се одржа во Рено, Невада, од 11-ти мај до петокот (15-ти мај), а учествуваа преку 1.500 ученици од 56 земји. Романските ученици се натпреваруваа во комјутерски науки.
***
Српскиот претседател Борис Тадиќ во средата (13-ти мај) се сретна со младите математичари кои ја претставуваа земјата на Балканската математичка олимпијада во Крагујевац, од 28-ми април до 4-ти мај. Тадиќ му честиташе на тимот за освоените 11 медали, вклучително и три златни.
***
Maкединските aрхеолози во Струмица ископаа 80 сребрени венецијански монети, кои датираат од 13-тиот и 15-тиот век. Монетите се со ликот на Св.Марк на едната страна и Исус Христос на трон, на другата. Научниците велат дека откритието го докажува постоењето на активна трговија во регионот во овој период.
***
Софтверското пиратство во Босна и Херцеговинa (БиХ) падна за еден процентен поен во 2008 година, во споредба со претходната година, но сé уште останува високо, со 67 отсто, според извештајот на Биснис софтверскиот сојуз за светското пиратство во вторникот (12-ти мај). Документот, исто така, ја опфаќа Бугаријa, каде што нивото на користење на нелегален софтвер за компјутерите изнесува 68 отсто.
(Разни извори – 11/05/09-18/05/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's