22/04/2009
Илјадници луѓе го прославија Велигден во романскиот главен град на празничниот концерт. Исто така во вестите од културата: тренерот на албанската фудбалска репрезентација поднесе оставка и српски тенисер ја подели титулата во двојки на турнирот во Монте Карло.
![]() Шпанската сопранистка Монтсерат Кабаје настапи на букурешкиот Велигденски концерт. [Getty Images] |
Повеќе од 5.000 лица присуствуваа на бесплатниот Велигденски концерт во Букурешт во неделата (19-ти април). На настанот, организиран од градските власти, настапи шпанската сопранистка Монсерат Кабаје, италијанскиот поп-пејач Албано Кариси и романската пејачка Марсел Павел. Тие настапија во придружба на Букурешкиот симфониски оркестар, и под диригентската палка на Константин Адријан Григоре.
***
Истанбулскиот Истражувачки центар за исламска историја, уметност и култура (ИРЦИЦА) организира меѓународен натпревар по калиграфија посветен на познатиот сириски мајстор за калиграфија, Мухамед Бадави ал-Дирани, објави новинската агенција Анадолу на 14-ти април. Крајниот рок за пријавување е 30-ти октомври, објави ИРЦИЦА.
***
Тренерот на албанската фудбалска репрезентација Арие Хаан поднесе оставка на 15-ти април, по серијата слаби резултати во квалификациските натпревари од Светскиот куп 2010. Албанија се рангираше претпоследна во европската квалификациска група. Хаан го презеде националниот тим во јануари 2008 година и го водеше во единствената победа од седум натпревари.
***
Православните Христијани низ целиот Балкан го одбележаа Велигден во саботата (18-ти април). Стотици илјадници луѓе носеа запалени свеќи кои го симболизираат „Светиот оган“ од црквите до своите домови на полноќ, верувајќи дека тие ќе им донесат светлина во нивните домови во текот на целата година.
***
Српскиот тенисер Ненад Зимоњиќ и канадскиот тенисер Даниел Нестор победија во машки двојки на Ролекс мастерс тенискиот турнир во Монте Карло, поразувајќи ги американските браќа Мајк и Боб Брајан во неделата (19-ти април). Ова беше трета победа на Зимоњиќ во Монте Карло.
***
Тркачи се натпреваруваа на Меѓународната бањалучка трка 2009 во вторникот (21-ви април), еден ден пред годишнината од ослободувањето на градот за време на Втората светска војна. Илјадници гледачи се наредија на улиците од главниот град на Република Српска да ги бодрат 2.500-те атлетичари.
***
Виктор Пасков, еден од најпознатите бугарски современи писатели, почина во петокот (17-ти април) на 59 години во Берн, Швајцарија. Последно тој работеше како културен советник во Бугарската амбасада во Германија. Пасков е автор на бројни книги и сценарија, вклучително и на наградените дела: „Балада за Георг Хениг“, „Млади убијци“ и „Аутопција на љубовна афера“.
(Разни извори – 15/04/09-22/04/09)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's