Бизнис: Турската банка Зираат отвори филијала во Атина

20/02/2009

Банката Зираат од Турција ја отвори својата прва филијала во Атина. Исто така во бизнис вестите: македонските и словенечките бизнисмени учествуваа на форум во Скопје и грчко претпријатие доби двогодишен договор со Агенцијата за одржување и снабдување на НАТО.
photo

[Архива]

Tурската државна Зираат банка ја отвори својата прва филијала во Aтина во вторникот (17-ти февруари), станувајќи првата турска комерцијална банка што работи во Грција. Зираат банка, исто така, треба да отвори уште една филијала во северниот град Комотини. Двете филијали ќе започнат да работат со капител од скоро 18 милиони евра.

***

Српската влада ќе го субвенционира купувањето на Фиат пунтос од Застава, производител на автомобили со седиште во Крагујевац, објави во средата (18-ти февруари) министерот за економија Млаѓан Динкиќ. Тој додаде дека владата ќе обезбеди државни субвенции од 1.000 евра за возачите што ќе ги сменат старите автомобили со нови „пунта“. Динкиќ рече дека мерката треба допрва да се одобри и би требало да стапи на сила од март.

***

Светската банка предвидува раст на БДП во Босна и Херцеговинa (БиХ) од 1,5 отсто до 2,5 отсто во 2009 година и е уверена дека државата може да избегне рецесија ако ги искористи кредитите што меѓународните финансиски институции веќе й ги нудат, рече шефот на мисијата на банката во БиХ, Марко Мантованели, за Ројтерс на 11-ти февруари. Банката проценува дека дефицитот на тековната сметка на БиХ ќе падне од 14 отсто од БДП во 2008 година на 10 отсто од БДП во 2009 година.

***

Џенерал електрик (ГЕ) е заинтересиран за изградба парк на ветар во бугарската општина Мирково, објави во вторникот (17-ти февруари) министерот за економија и енергија Петар Димитров. ГЕ е подготвена да инвестира 800 милиони евра во проектот, кој набљудувачите очекуваат да има годишен капацитет помеѓу 120 и 150 мегавати.

***

Maкедонски и словенечки бизнисмени учествуваа на бизнис форумот во Скопје во вторникот (17-ти февруари). Стопанските комори на двете држави и словенечко-македонскиот бизнис клуб го организираа настанот.

***

Поврзани написи

Loading

Кипарскиот министер за финансии, Чарилаос Ставракис, во понеделникот (16-ти февруари) ги потврди неодамнешните извештаи на медиумите дека руски претприемачи планираат да изградат забавен парк во стилот на Дизниленд -- најголем во Кипар -- во селото Пила. Местото за проектот од 878 милиони евра се наоѓа помеѓу грчката и турската зона, што треба да помогне во помирувањето помеѓу двете заедници.

***

Интраком дифенс електроникс, дел од грчкото претпријатие Интраком холдингс, го доби двегодишниот договор за поддршка на воздушниот одбранбен систем Патриот во Европа со Агенцијата за одржување и снабдување на НАТО, објави претпријатието во вторникот (17-ти февруари). Претпријатието ги произведува и ги интегрира повеќето електронски копнени системи за системот Патриот во текот на последниве две години.

(Разни извори – 13/02/09-20/02/09)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар