Наука и технологија: Во Турција формирано здружение за инженеринг на биоматеријали

12/01/2009

Во Турција е отворено здружението за развој и производство на синтетички материјали. Исто така во вестите: турскиот суд осуди украински компјутерски хакер и Тирана ќе биде домаќин на семинар за персиското културно наследство во февруари.
photo

[Getty Images]

Tурските истражувачи формираа здружение за развој и производство на биоматеријали кои се користат во вештачките органи, објави на 3-ти јануари новинската агенција Анадолу. Основачи на Здружението за инженеринг на биоматеријали и ткива се група научници од Блискоисточниот технички универзитет (МЕТУ) и неколку турски универзитети. Новата организација има за цел да ја развие науката за биоматеријалите, која е од стратешка важност во Соединетите Држави и другите индустријализирани земји, рече професорот на МЕТУ Васиф Хасирчи.

***

Tурскиот суд осуди украински компјутерски хакер на 30 години затвор по обвиненијата за компјутерски криминал во четвртокот (8-ми јануари). Полицијата го уапси Максим Јастремскиј во провинцијата Анталија во 2007 година. Тој влезе во комјутерските системи на 12 турски банки за да ја изврши измамата.

***

Околу 14.000 романски корисници на мобилни телефони се префрлија на друг провајдер во изминатите два месеци без промена на телефонските броеви, објави на 6-ти јануари Националната управа за телекомуникации. Преносната услуга на броеви започна од октомври. Таа им овозможува на корисниците да ги задржат своите телефонски броеви, фиксни или мобилни, дури и ако го променат провајдерот.

***

Балкански научници, интелектуалци и владини претставници ќе учествуваат на семинарот во февруари за персиското културно наследство во регионот на Tирана, објави Прес ТВ на 2-ри јануари. Иранската Саудиска културна фондација во Албанија го организираше настанот, кој го спонзорираат меѓународни академски и културни фондации.

***

Поврзани написи

Loading

Кипар ги помага напорите на египетската влада за развој на научно-технолошкото истражување, објави Сајпрус мејл на 2-ри јануари. Египетските истражувачи неодамна го посетија Кипарскиот институт за наука и технологија, со седиште во Никозија, за да проучат како нивната владата може да формира слична институција.

***

Maкедонската влада ги најави плановите за отпочнување на онлајн апликативен систем наречен ЕXIM, за олеснување на надворешната трговија. Скопје ќе го изготви системот како дел од Проектот за е-влада, иницијатива финансирана од УСАИД за спроведување услуги на е-влада во земјата. Истиот ќе им овозможи на македонските претпријатија кои тргуваат со странство да аплицираат и да добиваат лиценци за увоз, извоз и транзит електронски, постигнувајќи поголема брзина и заштеда на трошоците за процесирањето на прекуграничните трансакции.

(Разни извори – 05/01/09-12/01/09)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар