Дипломатски дневник: Црна Гора и Косово ќе воспостават дипломатски врски

06/01/2009

Косово наскоро ќе отвори амбасада во Црна Гора. Исто така во дипломатските вести: делегација на косовскиот парламент ја посети Турција и српскиот претседател Борис Тадиќ се залага за добри регионални надворешни односи.
photo

Косово сака да има пријателски односи со сите свои соседи, рече претседателот Фатмир Сејдиу. [Getty Images]

Косовскиот претседател Фатмир Сејдиу во понеделникот (5-ти јануари) рече дека постои взаемна подготвеност за воспоставување дипломатски врски помеѓу Црна Гора и Косово и за отворање косовска амбасада во Подгорица наскоро. „Имавме директни разговори за ова со црногорскиот претседател Филип Вујановиќ и министерот за надворешн работи Милан Рочен, но датумот на кој ова ќе се случи не е сé уште познат“, рече Сејдиу во интервју за подгоричкиот весник Вијести. Тој додаде дека Косово сака да има пријателски односи со сите свои соседи, вклучително и Србијa. Сејдиу рече дека секој кој некогаш живеел во Косово има право да се врати и вети дека оние што сакаат да го сторат тоа ќе добијат најдобар можен третман.

***

Сирискиот министер за надворешни работи, Валид ал-Миалем, во неделата (4-ти јануари) пристигна во работна посета на Tурција. Во понеделникот тој се состана со својот турски колега Али Бабаџан и премиерот Реџеп Тајип Ердоган во Анкара, на разговори околу неодамнешните настани во регионот, особено израелската офанзива во Појасот Газа. Ал-Муалем, исто така, се состана со претседателот Абдула Ѓул.

***

Грчкиот премиер Костас Караманлис во вторникот (6-ти јануари) присуствуваше на традиционалните церемонии на островот Китира, за Богојавление. Богојавление е еден од најголемите празници за православните христијани. На овој ден, сите бродови и водите по кои пловат се благословуваат.

***

Делегација на косовскиот парламент во понеделникот (5-ти јануари) замина во петдневна официјална посета на Tурција. Делегацијата, предводена од претседателот на парламентот, Јакуп Красниќи, ќе се состане со турскиот претседател Абдула Ѓул, премиерот Реџеп Тајип Ердоган, претседателот на парламентот, Коксан Топтан, и други високи претставници, како дел од серијата разговори во Анкара и Истанбул.

***

Поврзани написи

Loading

Српскиот претседател Борис Тадиќ во саботата (3-ти јануари) изјави за Фонет дека односите помеѓу неговата земја и соседна Maкедонија, Црна Г oра и Хрватскa треба да бидат што е можно подобри. Тој истакна дека Србија е земја која цврсто стои зад својот територијален интегритет, суверенитет и дигнитет и има намера да ја одржува оваа политика и да се воздржи од предизвикување тензии во регионот.

***

Tурскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во неделата (4-ти јануари) ја заврши својата дипломатска турнеја низ Блискиот Исток. За време на посетата, која започна на 31-ви декември, Ердоган ги посети Сирија, Јордан, Египет и Саудиска Арабија, каде што разговараше за напорите во преговорите за прекин на огнот во Газа по израелските напади.

(Разни извори -- 30/12/08-06/01/09)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар