09/12/2008
Генералниот директор за проширување на ЕК, Мајкл Ли, е во Софија. Исто така во дипломатските вести оваа недела: македонскиот премиер Никола Груевски ја посети Полска, и албанскиот министер за одбрана, Газменд Окета е во Вашингтон.
![]() Бугарскиот вицепремиер Меглена Плугчиева (лево) го пречекува генералниот директор за проширување на ЕК, Мајкл Ли, пред нивниот состанок во Софија во понеделникот (8-ми декември). [Getty Images] |
Генералниот директор за проширување на Европската комисија (ЕК), Мајкл Ли, во понеделникот (8-ми декември) пристигна во Бугаријa, во обид за намалување на тензиите откако ЕК ги повлече своите акредитации за двете агенции кои управуваа со парите на ФАРЕ. Овој потег доведе до губење на 220 милиони евра од парите за Бугарија. Софија ја обвини ЕК за двојни стандарди и искористување на Бугарија за претстојните избори за Европскиот парламент и новата комисија во јуни 2009 година.
***
Претставникот на ОН во разговорите за името помеѓу Грција и Maкедонијa, Метју Нимиц, во петокот (5-ти декември) неофицијално се состана со новиот македонски претставник во разговорите, Зоран Јолевски. Тие разговараа околу плановите за следниот круг разговори помеѓу Атина и Скопје, иако сé уште не е познат точниот датум.
***
Белгија ќе ги продолжи сегашните ограничувања за бугарските и романските работници на својот пазар на труд за уште три години, објави министерот за вработување, Јоеле Милкет, во петокот (5-ри декември). Милкет ја спомена „економската криза“ и „ризикот од зголемување на вработеноста“ како причина. Ограничувањата завршуваат на 31-ви декември 2011 година. Романците и Бугарите можат да работат во Белгија но само во регионите каде што има недостаток од работна сила.
***
Maкедонскиот премиер Никола Груевски во саботата (6-ти декември) се состана со полскиот колега, Доналд Туск, во Гдањск. Тие разговараа за билатералните односи и начините за унапредување на соработката. Туск ја поддржува кандидатурата на Скопје за пристап во ЕУ. Груевски го информираше за напредокот на Македонија во реформите поврзани со Унијата.
***
Aлбанскиот министер за одбрана, Газменд Окета, во четвртокот (4-ти декември) беше во Вашингтон, на разговори околу билатералните воени врски. Соединетите Држави ја повикаа Албанија да продолжи со учеството во мировните мисии во Авганистан и Ирак, рече Окета по состанокот со американскиот заменик-министер за одбрана, Гордон Ингланд.
***
Бугарскиот претседател Георги Парванов вети поддршка од неговата земја за ЕУ и НАТО интегративните процеси на Aлбанија, на состанокот со албанскиот премиер Сали Бериша во средата (3-ти декември) во Тирана. Двајцата водачи се согласија дека билатералните односи се извонредни. Бериша рече дека Албанија го следи примерот на Бугарија како земја која успеа да се интегрира во ЕУ и НАТО.
(Разни извори -- 02/12/08-09/12/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's