03/12/2008
Во Белград се одржа четиринаесеттиот Фестивал на авторскиот филм. Исто така во вестите од културата и спортот: Македонија е домаќин на Европското ракометно првенство во ракомет за жени, и во Хрватска се одржува Отворениот турнир во шах.
![]() Гран прито во филмска конкуренција е наречено според починатиот српски режисер Александар Саша Петровиќ. [Архива] |
Еднонеделниот 14-ти Фестивал на авторскиот филм заврши во средата (3-ти декември) во Белград под мотото „Поглед на светот“. Околу 15 филмови се натпреваруваа за гран прито, кое го носи името на починатиот српски режисер Александар Саша Петровиќ.
***
Maкедонијa е домаќин на Европското првенство во ракомет за жени од вторникот (2-ри декември) до 14-ти декември. Вкупно 16 европски ракометни тимови поделени на четири групи ќе се натпреваруваат на настанот истовремено во Скопје и Охрид. Хрватскa ја порази Србијаa на првиот натпревар, во Скопје.
***
Јахоринафест 2008, вториот меѓународен фестивал на еколошките и туристички филмови и промотивни видеа, се одржа во Јахорина, Босна и Херцеговинa (БиХ) од саботата (29-ти ноември) до вторникот. На настанот, кој се одржа под покровителство на владите на Република Српскa и Федерацијата на БиХ градот Сараево, општините Пале и Фоча и Олимпискиот центар Јахорина, учествуваа претставници на 18 земји на два континенти.
***
Градот Риека, во Хрватскa, е домаќин на второто Медитеранско првенство 2017 во шах, до сабота (6-ти декември). Еднонеделниот натпревар ја поддржува кандидатурата на градот за домаќин на Медитеранските игри 2017.
***
Во понеделникот (1-ви декември), градските кина во Приштина прикажаа шест филмови од млади уметници за одбележување на Светскиот ден за борба против сидата. Филмовите ја обработуваат темата на сидата кај младите и заштитата.
***
Шестиот филмски фестивал во Tиранa беше отворен во понеделникот (1-ви декмеври) со прикажувањето на филмот Молкот на Лома, кој освои награда за најдобро сценарио на овогодинешниот Кански филмски фестивал. Косовската aктерка Арта Доброши, филмска ѕвезда, присуствуваше на премиерата во Албанија.
***
Петиот Фестивал на анимираниот филм во Истанбул се одржа од 21-ви ноември до недела (30-ти ноември). На фестивалот беа прикажани 22 филмови од 42 земји, вклучително и 60 турски анимирани кусометражни филмови.
***
Tурскиот боксер Гулсум Татар освои злато на петтиот Светски шампионат во бокс во Нингбо, Кина, објави во саботата (29-ти ноември) новинската агенција Анадолу. Натпреварувајќи се во категоријата од 63 килограми, Татар го порази Русинот Љубов Лопатина со 11:0. Учествуваа вкупно 208 боксери од 41 земја.
***
Осумнаесеттиот Меѓународен филмски фестивал ДаКИНО се одржа од 25-ти ноември до саботата (29-ти ноември) во Букурешт. На настанот беа прикажани документарци и филмови од 25 земји. Истиот се отвора со прикажувањето на документарецот од Емир Кустурица, Марадона од Кустурицa.
(Разни извори – 26/11/08-03/12/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's