01/12/2008
Конференција во Србија ги акцентираше научните достигнувања. Исто така во вестите од науката и технологијата: Романија отвори нова сеизмолошка опсерваторија и во Анкара е отворен Гроутек Еуроазија 2008.
![]() Српски студенти ги претставија своите проекти на настанот „Чекор во науката“. [Архива] |
Конференцијата „Чекор кон науката“, се одржа во Петница, Србијa, од четвртокот (27-ми ноември) до неделата. На настанот, кој имаше за цел да ги промовира научните достигнувања на талентираните средношколци и студенти, учествуваа 95 учесници со 65 оригинални научни проекти.
***
Романските власти отворија нова сеизмолошка опсерваторија во југоисточниот град Ефорие на 22-ри ноември. Опсерваторијата е најмодерна од овој вид во југоисточна Европа и има најсовремена опрема увезена од САД. Проектот доби еден милион евра финансиска помош од Министерството за истражување. Објектот е уникатен во регионот бидејќи може да ги следи сеизмичките активности низ целиот свет, рече Георге Мармуреану, директор на романскиот Национален институт за земјата и физиката.
***
Tурскиот професор Керим Алахверди победи на изборот на Европската академија на науките (ЕАС), објави новинската агенција Анадолу на 21-ви ноември. Тој стана прв турски член на организацијата. Алахверди е постар истражувач во Истражниот центар Мармара на турскиот Научен и технолошки истражен центар. ЕАС изведува пионерски истражувања и го промовира развојот на напредните технологии.
***
Осмиот Меѓународен саем на хортикултурата, земјоделството, флорикултурата и технологиите (Гроутек Еуроазија 2008) беше затворен во јужната турска провинција Анталија во неделата (30-ти ноември). Вкупно 390 претпријатија од 20 земји, вклучително и домаќинот и Грција, ги претставија своите најнови достигнувања во земјоделската технологија на тридневниот саем.
***
Aлбанскиот национален дигитален регистар започна со работа во четвртокот (27-ми ноември) во Тирана. Регистарот се очекува целосно да функционира низ целата земја до 10-ди декември. ОБСЕ, ЕУ и владата го пофалија чекорот.
***
Бугарскиот aрхеолог Веселин Игнатов и неговиот тим открија многу добро сочувана бронзена кочија, за која се верува дека е 1,800 години стара. Според Игнатов, тимот ја пронашол кочијата во гробницата на богат тракиски аристократ за време на ископувањата во југоисточното село Караново.
***
Второто издание на фестивалот „Во кожата на научникот“ се одржа помеѓу 5-ти и 7-ми декември во музејот „25 Мај“ во Белград. На настанот, кој имаше за цел да ја популаризира науката и да го поддржи научниот напредок, ќе учествуваат 140 млади научници, кои ќе ги претстават своите достигнувања во физиката, хемијата, биологијата, астрономијата и математиката.
***
Tуркчел, турскиот најголем мобилен оператор, победи на тендерот во петокот (28-ми ноември) за третата генерација лиценци за мобилни телефони. Туркчел ги победи Водафон и Авеа нудејќи 358 милиони евра за лиценца од А-тип. Претпријатието вели дека ќе го лансира системот до средината на следната година.
(Разни извори 24/11/08-01/12/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's