Дипломатски дневник: Естонскиот премиер ја посети Приштина

25/11/2008

Естонскиот премиер Андрус Ансип е во Приштина. Исто така во допломатските вести: албанскиот премиер Сали Бериша се состана со својот македински колега, Никола Груевски, и рускиот министер за одбрана, Анатоли Сердјуков, беше во Анкара.
photo

Естонскиот премиер Андрус Ансип (лево) и косовскиот премиер Хасим Тачи во понеделникот (24-ти ноември) одржаа прес-конференција во Приштина. [Лаура Хасани]

Естонскиот премиер Андрус Ансип и шефот на одбраната Антс Лаанеотс во неделата (23-ти ноември) допатуваа во Приштинa, на првата официјална посета на премиерот откако Косово прогласи независност во февруари. Во неделата тие се состанаа со естонските мировници во Косово. Во понеделникот тие се состанаа со претседателот Фатмир Сејдиу, премиерот Хашим Тачи и претседателот на парламентот, Јакуп Красниќи. Естонија го призна Косово на 21-ви февруари.

***

Секој договор за повторно обединување на Кипар кој е замислен да биде во интерес на Турција или некои други земји, е осуден на пропаст, рече кипарскиот претседател Деметрис Христофиас во петокот (21-ви ноември), по враќањето од официјална посета на Русија. Христофиас, исто така, ги отфрли критиките на кипарските Турци за меморандумот на разбирање потпишан од страна на администрацијата на кипарските Грци и Русија.

***

Maкедонијa е добро подготвена да ги преземе обврските како потенцијална членка на НАТО и ЕУ, му рече албанскиот премиер Сали Бериша на македонскиот колега, Никола Груевски, на состанокот во Скопје во саботата (22-ри ноември). Груевски и Бериша ги разгледаа можностите за взаемна поддршка на интегративните процеси за ЕУ и НАТО на нивните земји.

***

Maкедонскиот претседател Бранко Црвенковски и претседавачот на претседателството на Босна и Херцеговина Небојша Радмановиќ во четвртокот (20-ти ноември) се согласија дека политичката соработка помеѓу нивните две земји е многу силна, но економската соработка мора да се подобри. Двајцата водачи се состанаа на маргините од Регионалниот економски форум во Охрид, Македонија. Црвенковски и Радмановиќ рекоа дека Скопје и Сараево треба да ја зајакнат соработката во енергијата.

***

Рускиот министер за одбрана, Анатоли Сердјуков, во средата (19-ти ноември) ја посети турската Воена академија во Анкара. Вкупно 800 луѓе моментно учат на академијата, вклучително и околу 60 странци од 23 земји. Сердјуков, исто така, се состана со својот турски колега, Веџди Ѓонул.

***

Tурскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во неделата (23-ти ноември) ја заврши четиридневната посета на Индија, прва на еден турски шеф на влада во последниве две децении. Ердоган се состана со својот индиски колега, Манмохан Синд, претседателот Пратиба Патил и други високи претставници.

***

Поврзани написи

Loading

Бугарскиот претседател Георги Парванов и српскиот претседател Борис Тадиќ се состанаа во Белград на 19-ти ноември, на разговори околу актуелните политички прашања, билатералната соработка и изгледите за нивниот развој. Друга тема што беше покрената за време на состанокот беше инфраструктурата, особено завршувањето на Коридорот 10, кој би ја зголемил економската перспектива на двете земји.

***

Кинескиот претседател Ху Јинтао во понеделникот (24-ти ноември) допатува во Aтина, на тридневна официјална посета. Тој и неговиот грчки колега, Каролос Папуљас, разговараа за понатамошниот развој на стратешкото партнерство на нивните земји. Ху ќе присуствува на потпишувањето на договорот вреден 831,2 милиони евра во вторник, според кој кинеското претпријатие Коско Пацифик лтд. ќе управува со два товарни терминали во Пиреја.

(Разни извори 18/11/08-25/11/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар