24/11/2008
Турскиот премиер ја посети Европската организација за нуклеарно истражување во Женева. Исто така во вестите од науката и технологијата: романската влада го одобри формирањето Национален институт за аеро-вселенско истражување и развој, и турски професор е добитник на инженерската награда „Бенџамин Бејкер“.
![]() Скоро 100 турски истражувачи учествуваат во работата на ЦЕРН. [ЦЕРН] |
Tурскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган ја посети Европската организација за нуклеарно истражување (ЦЕРН) во Женева на 17-ти ноември. Директорот на ЦЕРН, Роберт Ајмар, го информираше Ердоган за студиите што ги спроведува организацијата. Тој рече дека Турција е меѓу водечките набљудувачки земји во ЦЕРН. Скоро 100 турски истражувачи учествуваат во работата на организацијата, рече Ајмар.
***
Романската влада го одобри формирањето Национален институт за аеро-вселенско истражување и развој. Институтот „Ели Карафоли“ е прв од ваков вид во земјата, како што објави на 14-ти ноември Министерството за образование, истражување и млади. Институтот ќе се фокусира на научното истражување и технолошкиот развој во аеронаутиката и вселенските науки.
***
Професорот од универзитетот Чукрова, Галип Сечкин, во Tурција е добитник на Бејкеровиот медал од британскиот Институт за цивилен инженеринг. Сечкин ја освои наградата за својот проект за заштита од поплави. Инженерите ја применија теоријата на Сечкин на реката Мисисипи во САД во 1998 година.
***
Одделот за мас-медиуми и комуникации при Универзитетот во Атина ја претстави студијата за грчките сателитски телевизиски канали и она што сакаат да го гледаат грчките иселеници. Мнозинството испитаници (46 отсто) рекоа дека највеќе го гледаат државниот телевизиски канал ЕРТ-Ворлд, додека 35 отсто се за сателитските канали на атинската мрежа Антена.
***
Археолозите открија неолитска населба во централна Грција, објавија медиумите во четвртокот (20-ти ноември). Тие ги открија урнатините за време на изградбата на гасоводот во Тесалија, околу 280 километри северно од Атина. Според археолозите, населбата постоела пред повеќе од 6.500 години и во неа живееле 300 луѓе.
***
Тим хрватски научници, предводен од Мирослав Радман ги изолираше првите високорезистентни организми кои поседуваат малите молекули што можат да штитат протеини, вклучително и „протеините лекари“ кои ги поправаат оштетените ќелии. Истражувањето на Радман и неговите колеги може да овозможи откривање на „еликсирот на младоста“, рекое тие на дводневниот научен симпозиум кој беше отворен во четвртокот (20-ти ноември). Истиот се одржа по повод 50 години од молекуларните биолошки истражувања во Загреб.
***
Еден месец откако археолозите од Штип открија ритуалнна гробница во мaкедонската општина Конче, тие открија нови артефакти од раниот римски период, објави шефот на археолошката мисија во овој локалитет, Трајче Нацев. Тој рече дека во првата фаза од ископувањето, тимот открил околу 130 керамички садови и некои бронзени предмети.
(Разни извори – 17/11/08-24/11/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's