21/11/2008
Хрватска добива 150 бензински пумпи од рускиот нафтен гигант. Исто така во бизнис вестите: Економската иницијатива за Косово и американската Стопанска комора во Косово потпишаа пакт и во Скопје се одржува Глобална недела на претприемништвото.
![]() Лукоил инвестираше 56 милиони евра во Хрватска досега оваа година. [EУ] |
Рускиот нафтен гигант Лукоил има намера да отвори 150 бензински пумпи во Хрватскa до 2011 година, објави <i>Јутарњи лист</i> во вторникот (18-ти ноември). Претпријатието инвестираше околу 56 милиони евра во Хрватска досега оваа година, и до 2011 година има намера да држи една четвртина од нафтениот пазар во земјата, во споредба со само 3 отсто во моментов.
***
Во Скопјe се одржува Глобална недела на претприемништвото, на која ќе бидат претставени остварувањата на владата во областа на вработувањето и активноста на националната Агенција за вработување, Агенцијата за поддршка на претприемништвото и Програмата за развој на ОН. Настанот ќе трае од понеделник (17-ти ноември) до недела. Овој настан за првпат се одржува во Македонија со поддршка на владите на Норвешка и Велика Британија.
***
Економската иницијатива за Косово и американската Стопанска комора во Косово потпишаа меморандум за разбирање во четвртокот (20-ти ноември) во обид да ја зајакнат соработката преку зголемување на информациите и искуството и координирање на активностите на промовирање на инвестициите.
***
Новиот кипарски меѓународен аеродром Пафос целосно започна со работа во понеделникот (17-ти ноември), со што завршија летовите на стариот терминал. Новиот аеродром покрива област од 18.500 квадратни метри и ќе може да опслужува 2,7 милиони патници годишно. Проектот чини околу 126 милиони евра и вклучува паркинг области, ВИП соба и специјално опремени соби за бизнисмени.
***
Холандското претпријатие Фокер Елмо отвори фабрика за производство на авионски кабли во Измир, Tурција. Tурскиот државен министер Курсад Тузмен ја отвори фабриката во Егејската слободна зона на 14-ти ноември. Фабриката ќе вработува 350 луѓе. Водечки меѓународни претпријатија, како ЕАДС и Боинг се меѓу клиентите на Фокер Елмо.
***
Aлбанскиот извоз достигна рекордно зголемување од 19 отсто од јануари до октомври 2008 година, во споредба со истиот период минатата година. Царинската служба на земјата оствари рекорден приход од 70 милиони евра во првите десет месеци од годинава.
(Разни извори – 14/11/08-21/11/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's