Култура и спорт: Ѓоковиќ победи на Мастер купот во Шангај

19/11/2008

Тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ од Србија победи на Мастер купот во Шангај. Исто така во вестите: во Загреб е отворен Меѓународниот саем на книгата и наставните помагала, Интерлибер 2008, и косовски документарен филм е добитник на наградата за најдобар краткометражен документарен филм на филмскиот фестивал во Хамбург.
photo

Тениската ѕвезда Новак Ѓоковиќ од Србија го прославува брејкот против Николај Давиденко од Русија во Шангај. [Getty Images]

Водечкиот српски тенисер, Новак Ѓоковиќ, победи на Мастер купот во Шангај во неделата (16-ти ноември). Тој го порази Русинот Николај Давиденко со 6:1 и 7:5. Ова е втора голема титула за Ѓоковиќ оваа година. Тој победи на Отвореното првенство во Австралија во јануари.

***

Хрватскиот министер за култура, Божо Бискупиќ, го отвори Меѓународниот саем на книгата и наставните помагала Интерлибер 2008, на 12-ти ноември. На настанот, кој заврши во неделата (16-ти ноември) учествуваа претставници од Србијa, Босна и Херцеговинa, Австрија, Белгија, Иран, Израел, Германија, Полска, Соединетите Држави, Шпанија и Велика Британија. Овогодинешна партнерска земја на саемот беше Израел.

***

Косовскиот документарен филм Воз на слободата ја освои наградата на најдобар краткометражен документарен филм на филмскиот фестивал Радар во Хамбург. Петрит Пула е продуцент, а Карина Кореа од Колумбија го сними документарниот филм. Истиот се однесува на историјата на косовската железница и транзициите со кои таа се соочи.

***

Документарниот филм за број еден тенисерката во светот, Јелена Јанковиќ, беше премиерно прикажан во Белград на 12-ти ноември. Светот на Јелена ја раскажува приказната за нејзиниот живот и кариера.

***

Филмот Време на кометата, албанско-косовскo-германската продукција, се прикажува за време на 49-тото издание на Солунскиот филмски фестивал, кој започна во петокот (14-ти ноември) и завршува во неделата (23-ти ноември). Авторите на филмот аплицираа за номинација во категоријата за најдобар филм од странското говорно подрачје на Оскарите 2009.

***

Поврзани написи

Loading

Tурција и Унгарија потпишаа протокол за културна соработка на 13-ти ноември во Анкара. Потписници се нивните министри за култура, Ертугрул Гунај и Истван Хилер. Протоколот предвидува студентска размена и подобра културна соработка.

***

Tурскиот машки тим освои златен медал во кумите на 19-тото Светско карате првенство во Токио во петокот (14-ти ноември). Турскиот тим го порази Египет во полуфиналето и Србијa во финалето.

(Разни извори – 12/11/08-19/11/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар