18/11/2008
Хрватскиот министер за надворешни работи, Горан Јандроковиќ, беше во Прага. Исто така во дипломатските вести: српскиот министер за одбрана, Драган Шутановац, и францускиот државен секретар за одбрана, Жан-Мари Бокел, се состана во Париз.
![]() Чешкиот министер за надворешни работи, Карел Шварценберг (десно), се поздравува со својот хрватски колега, Горан Јандроковиќ, во четвртокот (13-ти ноември) во Прага. [Getty Images] |
Чешка вети во четвртокот (13-ти ноември) дека забрзувањето на процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ, ќе биде еден од нејзините приоритети за време на шестмесечното претседателствување со ЕУ, кое започнува на 1-ви јануари. Чешкото претседателство ќе вложи особени напори да го забрза пристапот на Хрватска, рече чешкиот министер за надворешни работи, Карл Шварценберг, по состанокот со хрватскиот колега, Гордан Јандроковиќ, во Прага.
***
Српскиот министер за одбрана, Драган Шутановац, и францускиот државен секретар за одбрана, Жан-Мари Бокел, се согласија во средата (12-ти ноември) да ја зајакнат воената соработка. На состанокот во Прага, двајцата претставници разговараа околу можноста за обука на српски офицери, кадети и „единици за специјални цели“ во Франција. Шутановац рече дека Бокел му пренел оти „На Европа й е потребна Србија исто онолку колку што на Србија й е потребна Европа“.
***
Српскиот министер за надворешни работи, Вук Јеремиќ, минатата недела беше во дводневна официјална посета на Чешка. Јеремиќ се состана со министерот за надворешни работи, Карел Шварценберг, вицепремиерот за европски прашања, Александар Вондра, претседателот на парламентот, Милослав Вицек, и првиот заменик-претседател на сенатот, Петр Питарт.
***
Италијанскиот премиер Силвио Берлускони во средата (12-ти ноември) ја повика ЕУ да ги забрза разговорите за пристап со Tурција и да се посвети на поддршката за кандидатурата на Анкара за пристап во Унијата. Тој во Измир се состана со турскиот колега Реџеп Тајип Ердоган.
***
Tурскиот министер за надворешни работи, Али Бабаџан, рече дека македонското членство во ЕУ ќе биде многу важно за земјата и за регионот. Турција силно го поддржува пристапот на Македонија во НАТО, рече Бабаџан во Анкара, по состанокот со својот македонски колега, Антонио Милошоски, од 10-ти до 12-ти ноември.
***
Tурскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во средата (12-ти ноември) ги посети САД, каде што присуствуваше на состанокот на земјите од Г-20 и одржа билатерални разговори. Него го придружуваше вицепремиерот Назим Екрен и државниот министер Мехмет Шимшек.
***
Aлбанијa и Италија се согласија во понеделникот (17-ти ноември) да ја зајакнат соработката во борбата против организираниот криминал и нелегалната трговија. Албанскиот главен обвинител, Ина Рама, и италијанскиот антимафијашки обвинител, Пјеро Грасо, одлучија во Тирана да ја забрзаат размената на информации на нивните подредени.
(Разни извори 11/11/08-18/11/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's