17/11/2008
Атинската Палата Запеион ќе биде домаќин на Фестивалот на науката и технологијата. Исто така во вестите од науката: турски туристички портал е еден од најпопуларните веб-страници и Македонија се рангира високо по однос на смртноста поврзана со ракот на белите дробови.
![]() [Getty Images] |
Палатата Запеион во Атина ќе биде домаќин на Фестивалот на науката и технологијата од 28-ми до 4-ти декември. Фестивалот вклучува изложби на основна и примената наука и ги прикажува значајните остварувања во новите технологии. Организатор на настанот е генералниот секретаријат за наука и технологија на грчкото Министерство за развој.
***
Трите турски мобилни оператори -- Туркчел, Авеа и Водафон -- воведоа голем број пренослив сервис на 9-ти ноември. Истиот им овозможува на корисниците да ги задржат своите телефонски броеви кога менуваат еден оператор со друг. Операторите велат дека можат да го извршат трансферот на бројот на корисникот најдоцна во рок од шест дена.
***
Tурскиот oфицијален портал за туризам, www.goturkey.com, се рангира меѓу најпопуларните веб-страници во светот, објави во четвртокот (13-ти ноември) официјален претставник на Министерството за култура и туризам. Порталот доби осум поени од вкупно десет од Гугл, врз основа на важноста и меѓународната популарност. Корисниците може да го гледаат порталот на турски, германски, англиски и француски јазик.
***
Mакедонскиот министер за здравство, Бујар Османи, во четвртокот (13-ти ноември) објави дека неговата земја регистрира 860 нови случаи на рак на белите дробови годишно. На прес-конференцијата Османи рече дека ракот на белите дробови е меѓу најсмртоноските ракови кај мажите во светот и во Македонија, додека кај жените тој се рангира на третото, односно четвртото место.
***
Градската болница во Гњилане, Косовo, доби опрема за модерна медицинска анализа во својата клиника. Клиниката ќе изведува лабораториски, хематолошки и биохемиски тестови, нудејќи единствена ваква услуга во Косово. Министерството за здравство финансираше 51.000 евра во инвестицијата, која болницата ја отвори во средата (12-ти ноември).
***
Ученици од Математичката гимназија во Белград освоија пет индивидуални златни медали и еден златен тимски медал на Олимпијадата во математика во Москва, рангирајќи се помеѓу 200 ученици и 50 тимови.
***
Тим на универзитетот Јејл, предводен од турскиот неврохирург Мурат Гунел идентификуваше три гени кои предизвикуваат анеуризам во мозокот. Ова откритие може да помогне во спречувањето на мозочните крвавења.
(Разни извори – 10/11/08-17/11/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's