Бизнис: Грчката влада го извлекува банкарскиот сектор во земјата

14/11/2008

Банкарскиот сектор во Грција ќе добие план за спас вреден 28 милијарди евра. Исто така во вестите: хрватскиот премиер објави рестриктивни нови економски мерки за 2009 година и српската влада повторно се обидува да го приватизира рударскиот комплекс РТБ Бор.
photo

Некои членови на грчката опозиција протестираат поради спасувањето на банкарскиот сектор од страна на Атина, вредно 28 милијарди евра. [Getty Images]

Банките во Грција ќе го поддржат владиниот план за спас, вреден 28 милијарди евра, објави во понеделникот (10-ти ноември) гувернерот на Националната банка на Грција, Такис Арапоглу. Во октомври владата вети 28 милијарди евра помош за банкарскиот сектор во земјата, во справувањето со меѓународната финансиска криза. Владата им понуди државни гаранции во висина од 15 милијарди евра на сите финансиски институции во земјата.

***

Хрватскиот премиер Иво Санадер во четвртокот (13-ти ноември) ги објави економските мерки како одговор на глобалната кредитна криза. На затворениот состанок со синдикалните водачи, претставниците на здруженијата на работодавачи и претставниците на регионалните здруженија, Санадер објави замрзнување на сите плати во јавниот сектор во 2009 година.

***

Српската влада отпочна уште еден обид за приватизација на рударскиот комплекс РТБ Бор во неделата (8-ми ноември). Претпријатието има долг од 500 милиони евра кон државата, кој ќе биде реструктуиран пред продажбата. Државата ќе остане малцински акционерски сопственик најмалку уште пет години.

***

Членот на претседателството на Босна и Херцеговинa (БиХ) Харис Силајџиќ и кувајтскиот премиер Насеер Ал-Сабах потпишаа договор од 30 милиони евра за финансирање на инфраструктурата на БиХ. Кредитите, кои ги додели Кувајтскиот фонд за развој, ќе послужат за финансирање на инфраструктурни проекти во БиХ, имено, патната мрежа Сараево-Тузла и еден пат долж Коридорот ВЦ.

***

Приштинскиот меѓународен аеродром го регистрираше својот милионити патник во вторникот (11-ти ноември), од почетокот на 2008 година. Директорот Агрон Мустафа рече дека оваа пресвртница била клучна цел. Аеродромските власти проценуваат дека 1,2 милиони патници ќе поминат низ нивниот аеродром оваа година.

***

Поврзани написи

Loading

Меѓународниот гигант за храна Крафт ќе ги затвори своите производствени капацитети во Романијa и делумно ќе се релоцира во Бугаријa. Фабриката на Крафт во Брашов, Романија, во која моментно се вработени 440 работници, ќе биде затворена во 2009 година. Корпоративниот менаџер на претпријатието во Романија, Доина Каваке, негираше каква било поврзаност помеѓу одлуката со глобалната финансиска криза.

***

ММФ во вторникот (11-ти ноември) препорача Aлбанијa да го зајакне своето следење на економијата за да се заштити од светската финансиска криза. Шефот на мисијата на ММФ, Гервин Бел, ги повика властите да не ги зголемуваат цените на енергијата и предупреди за веројатен пад на извозот и странските инвестиции.

(Разни извори – 07/11/08-14/11/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар