Дипломатски дневник: Србија и Грција ќе ги зајакнат односите и соработката

11/11/2008

Цветковиќ е во Грција. Исто така во дипломатските вести оваа недела: турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и неговиот италијански колега, Силвио Берлускони, ќе претседаваат со меѓувладиниот самит.
photo

Српскиот премиер Мирко Цветковиќ во вторникот (11-ти ноември) ја посети Грција. [Getty Images]

Српскиот премиер Мирко Цветковиќ во вторникот (11-ти ноември) допатува во еднодневна официјална посета на Грција, каде што се очекува да се состане со премиерот Костас Караманлис и претседателот Каролос Папуљас. Разговорите ќе се фокусираат на билатералните односи и начините за зајакнување на економската соработка.

***

Tурско-италијански меѓувладин самит ќе се одржи во егејскиот крајбрежен град Измир в среда (12-ти ноември). Турскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган и неговиот италијански колега, Силвио Берлускони, ќе претседаваат со самитот, прв ваков настан помеѓу Турција и Италија. Нивните министри за надворешни работи, Али Бабаџан од Турција и Франко Фратини од Италија, ќе потпишат договор за формирање турско-италијански универзитет во Истанбул.

***

Грција и Бугаријa ја потврдија нивната заедничка посветеност на понатамошното проширување на билатералната соработка во енергетскиот сектор, според заедничката изјава на грчкиот министер за развој, Христос Фолиас, и бугарскиот министер за економија и енергија, Петар Димитров, по разговорите во Софија во петокот (7-ми ноември). Двете земји ќе ги зајакнат заедничките напори за обезбедување енергетска сигурност и разновидност на енергетските извори, изјави Фолиас за новинарите.

***

Хрватскиот претседател Стипе Месиќ во четвртокот (6-ти ноември) рече дека се надева оти Maкедонијa успешно ќе ги надмине пречките на својот пат кон евроатланската интеграција. На состанокот со македонскиот претседател во посета на земјата, Бранко Црвенковски, Месиќ рече дека иднината на регионот е во обединета Европа и во НАТО, кои ќе ја загарантираат нејзината безбедност. Црвенковски, исто така, ќе се состане со премиерот Иво Санадер, и со заменик-претседателот на парламентот, Владимир Шекс.

***

Tурскиот министер за надворешни работи, Али Бабаџан, и британскиот министер за надворешни работи, Дејвид Милибенд, изразија заеднички интерес за изнаоѓање решение за Кипар на состанокот во петокот (7-ми ноември) во Лондон. Тие рекоа дека се надеваат оти тековните разговори за повторно обединување помеѓу кипарските заедници ќе бидат успешни и преговарачите ќе го решат прашањето во 2009 година.

***

Поврзани написи

Loading

Maкедонскиот претседател Бранко Црвенковски во петокот (10-ти ноември) се состана со полскиот колега Лех Кажински во Варшава. Билатералните односи, интеграцијата на Македонија во ЕУ и НАТО, како и пречките на овој пат што произлегуваат од спорот на земјата со Грција во врска со името, беа во фокусот на разговорите. Полска ја поддржува македонската евроатланска интеграција и не ја промени својата позиција дека Македонија треба да го користи своето уставно име во билатералните прашања, рече Кажински.

***

Maкедонскиот министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, во понеделникот (10-ти ноември) ја започна својата тридневна официјална посета на Tурција. Неговиот распоред вклучува состаноци во турскиот министер за надворешни работи, Али Бабаџан, претседателот Абдула Ѓул и претседателот на парламентот, Коксал Топтан. Тие ќе разговараат за понатамошно зајакнување на билатералните односи, своите кандидатури за членство во ЕУ и поддршката на Турција за напорите на Македонија за влез во НАТО.

(Разни извори 04/11/08-11/11/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар