24/10/2008
Косово треба да пристапи во ММФ и Светката банка во 2009 година. Исто така во бизнис вестите: шведскиот малопродавач ИКЕА сака да отвори пет малопродажни продавници и евентуално фабрика во Србија, додека годишната стапка на инфлација во Црна Гора достигна 8,8 отсто во септември.
![]() [ММФ] |
Косовскиот министер за финансии Ахмет Шала во средата (22-ри октомври) рече дека Косово ќе стане членка на ММФ и Светската банка до следната пролет. Шала го изјави ова на годишната седница на ММФ, на која присуствуваше заедно со косовската делегација како набљудувач.
***
Хрватскиот Економски и социјален совет (ЕСЦ), трипартитна комисија која ги претставува работодавачите, синдикатите и владата, на 20-ти октомври започна јавна расправа за енергетската стратегија на земјата. Претседателот на ЕСЦ, Ивица Мудриниќ, рече дека Хрватска планира да инвестира околу 10 милијарди евра во својот енергетски сектор до 2020 година, од кои со 4,5 милијарди евра ќе се финансираат новите електроцентрали, вклучително и термоцентралата во Славонија.
***
Шведскиот производител на мебел и малопродавач ИКЕА сака да инвестира помеѓу 875 милиони и една милијарда евра во пет малопродажни продавници и една фабрика во Србијa, рече премиерот Мирко Цветковиќ по состанокот со претседателот на одборот на ИКЕА Мик Ел Охлсон на 17-ти октомври. Инвестициите, според проекциите, ќе создадат 9.250 нови работни места до 2015 година. Првата продавница ќе биде отворена во Белград во 2011 година.
***
Парламентот на Република Српска (РС) даде финално одобрение на 16-ти октомври за договорот за концесија за автопатот, вреден 2,9 милијарди евра, со австриското претпријатие Старбаг. Договорот предвидува 400 километри автопат со кој Старбаг ќе раководи 30 години пред да го преземе владата.
***
Годишната инфлација во Црна Гора достигна 8,8 отсто во септември, зголемување од 0,9 отсто од август, објави во средата статистичкиот завод Монстат. Инфлациската стапка во текот на првите девет месеци од годинава изнесуваше 6,5 отсто, објави Монстат. Просечната нето плата во земјата во септември беше 429 евра, додека бруто платата беше 630 евра.
***
Софискиот аеродром доби статус 3-А на 19-ти октомври, што значи дека авионите може да се приземјуваат со 200 метри видливост во услови на магла, рече бугарскиот министер за транспорт Петар Мутафчиев. Досега Бугарија немаше аеродром во оваа категорија. Тоа значи дека далеку помалку откажани летови, вели Мутафчиев.
***
Aтинската берза доживеа пад во средата (22-ри октомври), како и другите меѓународни пазари. Здружениот индекс падна за 5,28 отсто и заврши на 2.025,93 поени, со обрт од 247,7 милиони евра. Сите сектори се придвижија подолу, со исклучок на здравството, кое заврши 0,26 отсто повисоко.
(Разни извори --17/10/08-24/10/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's