Култура и спорт: На Балканот во тек се прослави со кои се одбележува крајот на Рамадан

01/10/2008

Балканските муслимани го прославуваат завршувањето на исламскиот свет месец на постот. Исто така во вестите: турска фирма освои награда Златна школка и кипарската стрелачка Андри Елефтериу освои злато на Светскиот куп на Меѓународната стрелачка спортска федерација во Минск.
photo

Муслиманите се молат во централната џамија во Скопје, Султан Мурат, на почетокот од тридневната прослава на Фитар Бајрам во вторникот (30-ти септември). Муслиманите во Македонија, околу четвртина од населението, се претежно етнички Албанци. [Toмислав Георгиев]

Муслиманите низ целиот Балкан започнаа со прославите во вторникот (30-ти септември) на Фитар Бајрам, кој го одбележува крајот на исламскиот свет месец на постот, Рамадан. Денот е државен празник во Aлбанија, Босна и Херцеговина, Македониј a, северен Кипар, Косовo и Tурција. Прославите траат три дена.

***

„Пандорината кутија“ на турскиот режисер Јесим Устаогли ја освои наградата Златна школка за најдобар филм на филскиот фестивал Сан Себастијан во Сплит во саботата (27-ми септември). Една од филмските ѕвезди, 90-годишната француска актерка Тсила Челтон, ја подели наградата на најдобра актерка за нејзината улога на баба која боледува од Алцхајмерова болест.

***

Грчкиот претседател Каролос Папуљас и неговиот италијански колега, Џорџо Наполитано, ја отворија изложбата на повеќе од 80 нелегално ископани антички скапоцености, вратени од САД во европските музеи и приватни колекции. Церемонијата на отворање се одржа минатата недела во новиот Музеј Акрополис во Атина. Изложбата ќе трае до 31-ви декември.

***

Филмот „Александра“ на романскиот режисер Раду Јуде го освои гран прито на деветтиот Државен филмски фестивал „7 уметности“, кој траеше од 22-ри септември до петокот (26-ти септември) во Калараси, Романија. Филмот на Јуде „Лампа чи какиула“ победи на фестивалот минатата година.

***

Кипарската стрелачка Андри Елефтериу освои златен медал во категоријата стрелање на гумени гулаби за жени на Светскиот куп на Меѓународната спортска стрелачка федерација во Минск, Белорусија. Елефтериу постигна 73 од можно 75 поени.

***

Европската ракометна федерација во неделата (28-ми септември) ја избра Србијa за домаќин на Европскиот шампионат во ракомет за мажи во 2012 година. Србија се натпреваруваше со Франција и Германија. Натпреварите ќе се одржат во Белград, Нови Сад, Вршац и Ниш.

***

Поврзани написи

Loading

Српската тенисерка Јелена Јанковиќ, поранешна тенисерка број еден во светот, победи на Кинеското отворено првенство 2008 за жени во неделата (28-ми септември). Јанковиќ ја порази Русинката Светлана Кузнецова.

***

УНИЦЕФ Романијa во понеделникот (29-ти септември) ја назначи романската фудбалска легенда Георге Хаги за амбасадор за детските права. Тој потпиша верување дека ќе ја искористи својата професионална репутација и знаење за помош во кампањите на УНИЦЕФ. Други фудбалски ѕвезди кои станаа амбасадори на УНИЦЕФ се: Роналдињо, Самуел Ето, Дејвид Бекам, Рајан Гигс и Франческо Тоти.

(Разни извори – 24/09/08-01/10/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар