Дипломатски дневник: Бериша им се заблагодари на Соединетите Држави за поддршката за членството во НАТО

30/09/2008

Албанскиот премиер вети понатамошна соработка со Соединетите Држави. Исто така во дипломатските вести оваа недела: кипарскиот министер за надворешни работи, Маркос Кипријану, е во Куба, и Ѓул вели дека ќе го посети Ирак.
photo

„Ќе соработуваме со сите американски институции“, му напиша албанскиот премиер Сали Бериша на американскиот претседател Џорџ В. Буш. [Getty Images]

Aлбанскиот премиер Сали Бериша во неделата (28-ми септември) му пиша на американскиот претседател Џорџ В. Буш, заблагодарувајќи му се за ратификацијата на американскиот сенат на протоколот за членството на Албанија во НАТО. „Ви благодариме за вашиот придонес кон овој чекор и ќе соработуваме со сите американски институции“, вели Бериша во писмото. Претходно, претседателот Бамир Топи му се заблагодари на Буш и САД.

***

Бугарскиот премиер Сергеј Станишев во петокот (26-ми септември) имаше обраќање пред Генералното собрание на ОН во Њујорк, фокусирајќи се на самитот за дотурот на природен гас за Европа, чиј домаќин треба да биде Бугарија следната година. Станишев, исто така, се состана со својот хрватски колега Иво Санадер и рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

***

Кипарскиот претседател Деметрис Христофиас одржа одделни состаноци со ерменскиот и <b>српскиот</b> колега Серж Саргисјан и Борис Тадиќ во ОН во Њујорк. Саргисјан и Тадиќ ветија целосна поддршка на нивните земји за најновите напори на двете кипарски заедници за повторно обединување на островот, по неколкудецениска поделеност.

***

Кипарскиот министер за надворешни работи, Маркос Кипријану, во понеделникот (29-ти септември) замина во дводневна посета на Куба. Тој ќе се состане со својот кубански колега, Фелипе Перез Рок, на разговори околу билатералните односи, кипарското прашање и односите помеѓу Куба и ЕУ.

***

Maкедонијa очекува Франција да ги поддржи нејзините кандидатури за членство во ЕУ и НАТО, рече вицепремиерот за европски прашања, Ивица Боцевски, во неделата (28-ми септември), по состанокот во Скопје со францускиот државен секретар за одбрана, Жан-Мари Бокел. Тие разговараа за македонско-француските односи и аспирациите на Скопје за членство во ЕУ и НАТО.

***

Поврзани написи

Loading

Tурскиот претседател Абдула Ѓул во саботата (27-ми септември) рече дека наскоро ќе го посети Ирак за да ја демонстрира турската поддршка за ирачкиот народ. Во петокот Ѓул се состана со ирачкиот колега Јалал Талабани во ОН во Њујорк. Тие делумно разговараа и за тековните операции на Турција во северен Ирак против базите на терористичката Курдистанска работничка партија.

***

Црна Гора и Русија потпишаа договор за укинување на нивниот билатерален визен режим, објавија медиумите во средата (24-ти септември). Договорот го потпишаа црногорскиот министер за надворешни работи, Милан Рочен, и неговиот руски колега, Сергеј Лавров, во Њујорк. Документот ќе стапи на сила во октомври.

(Разни извори 23/09/08-30/09/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар