03/09/2008
Обожавателите на операта дојдоа на Кипар изминатиот викенд. Исто така во вестите од културата: чешкиот режисер Јири Мензел ја освои наградата Златен гладијатор на Меѓународниот летен филмски фестивал, кој беше отворен во Драч, Албанија.
![]() „Мадам Батерфлај“ на Џакомо Пучини беше дел од фестивалот во Кипар. [фестивал Пафос Афродита] |
Овогодинешниот фестивал Пафос Афродита што се одржа изминатиот викенд на Кипар заврши во неделата (31-ви август). Овогодинешниот настан ја вклучуваше и претставата „Мадам Батерфлај“ на Лирскиот театар Трст.
***
Повеќе од 500 уметници, трубадури, минстрели, витези и принцези учествуваа на осмиот Средновековен фестивал на трансилванските замоци во Сибиу, Романијa. Настанот се одржа помеѓу 27-ми август и неделата (31-ви август). Германските групи на средновековна музика „Ин екстремо“ и „Борахоз“ го отворија фестивалот, со настап на Големиот плоштад во Сибиу. Програмата, исто така, вклучуваше средновековни театарски и танцови претстави, трубадурски концерти, турнири на витези, циркуски претстави и улични изведувачи.
***
Чешкиот режисер Јири Мензел ја освои наградата „Златен гладијатор“ на првиот Меѓународен летен филмски фестивал во Драч, Aлбанијa, кој беше затворен во неделата (31-ви август). Филмот на Мензел I Го служев кралот на Англија е снимен во 2006 година и ја освои наградата на критичарите на Берлинскиот фестивал 2007.
***
Со официјалната церемонија во понеделникот (1-ви септември) започна Месецот на младите 2008 во Призрен, Косовo. Во својата седма година Месецот на младите ќе биде домаќин на серија културни и спортски активности низ цело Косово, под слоганот „Дестинација Европа“.
***
Околу 10.000 луѓе се очекува да го посетат Фестивалот на виното Лимасол во Кипар кој беше отворен во петокот (29-ти август) и ќе трае до 7-ми септември. Фестивалот се одржува секоја година од 1961 година. Овогодинешната програма вклучува претстави на театарски, музички и танцови групи.
***
Триесет и седмото издание на Меѓународните средби на книжевните преведувачи се одржа во македонскиот град Лешок од 25-ти до 27-ми август. Околу 50 преведувачи од Македонија, Романија, Србија, Албанија, Бугарија, Кина, Русија, САД, Канада, Полска и други земји учествуваа на настанот.
***
Првиот европски шамионат во слободно нуркање се одржува во Кемер,<b>Tурција</b> до 6-ти септември. Се натпреваруваат вкупно 57 нуркачи од Хрватска, Франција, Италија, Шпанија и Русија, објави турската федерација на подводни спортови.
***
Грчкиот претседател Каролос Папуљас во саботата (30-ти август) ја отвори големата изложба по повод 30-годишнината од смртта на оперската пејачка Марија Калас. Настанот е дел од годишниот фестивал Преспес, посветен оваа година на починатата оперска дива и се одржува во Музејот на модерни уметности во северозападниот град Лерин.
(Разни извори 27/08/08-03/09/08)