Култура и спорт: Во Турција откопана статуа на Марко Аурелиј

27/08/2008

Археолозите откопаа мермерна статуа на римскиот император Марко Аурелиј во Турција. Исто така во вестите: во Србија поставена нова статуа во чест на реге легендата Боб Марли и хрватски филм ја освои главната награда на Сараевскиот филмски фестивал.
photo

Колосалната мермерна глава го претставува Марко Аурелиј во младоста. [Sagalassos Archaeological Research Project]

Група археолози откопаа делови од гигантска мермерна статуа на римскиот император Марко Аурелиј во градот Сагалосос, во Tурција. Главата, десната рака и долниот дел од нозете се меѓу откриените делови. Аурелиј се смета за еден од „петте добри императори“ во римската историја. Археолозите велат дека статуата лежела во најголемата просторија на римските бањи во Сагаласос. Главата на статуата е многу добро сочувана и се смета за една од најдобрите претстави на Марко Аурелиј пронајдени досега.

***

Првата статуа на реге легендата Боб Марли во Европа е откриена во саботата (23-ти август) во Банатски Соколац, Србијa, кој беше домаќин на фестивалот Рок село за поддршка на мирот на Балканот. На дводневниот фестивал, кој беше отворен во петокот (22-ри август), настапија српски и <b>хрватски</b> рок групи.

***

Хрватскиот филм „Бјуик ривиера“ на режисерот Горан Русиновиќ ја освои наградата за најдобар филм на 14-тиот Сараевски филмски фестивал, кој заврши во саботата (23-ти август). Тој победи десет други филмови од Австрија, Босна и Херцеговина, Хрватска и Унгарија, Србијa, Словенија и Tурција. На овогодинешниот Сараевски филмски фестивал беа прикажани 174 филмови и документарци.

***

Вториот Летен фестивал на книгата и летна литературна сцена се одржа во Сараевo од 18-ти до 28-ми август. Фестивалот промовираше 50 кратки приказни од 11 европски земји.

***

Најновиот роман на турскиот добитник на Нобеловата награда Орхан Памук, Masumiyet Muzesi (Музејот на невиност), ќе биде објавен в петок (29-ти август). Книгата ќе се појави и на 30 странски јазици.

***

Aлбанскиот поет Фатос Арапи го освои Златниот венец на 47-мото издание на Струшките вечери на поезијата во Maкедонијa во неделата (24-ти август). На меѓународниот натпревар учествуваа повеќе од 150 поети.

***

Поврзани написи

Loading

Беџехад 2008, еврејски културен настан, беше отворен во Опатија, Хрватскa, во неделата (24-ти август). На седумдневниот настан ќе учествуваат претставници на еврејските заедници од поранешна Југославија. Фестивалот има за цел зајакнување на еврејскиот културен идентитет во регионот.

***

Во понеделникот (25-ти август) бугарскиот свирач на кавал Теодосиј Спасов го отвори Балканскиот фестивал на флејтата во културниот центар во Пале, Босна и Херцеговинa (БиХ). На настанот, кој завршува в четврток (28-ми август), ќе учествуваат 23 флејтисти од БиХ и Србијa.

(Разни извори – 20/08/08-27/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар