Бизнис: Се очекува хрватските продавници да го продолжат летното работно време

22/08/2008

Продавниците се очекува да останат отворени до полноќ во Хрватска. Исто така, во бизнис вестите оваа недела: турскиот административен суд ја прекина приватизацијата на неколку патишта и мостови, и продажбата на возила во Романија се зголеми за 2,3 отсто.
photo

Продавниците во Хрватска можеби ќе останат отворени до доцна во текот на летото. [Архива]

Хрватската влада планира да го продолжи работното време на продавниците до полноќ за време на туристичката сезона, објави портпаролот на владата Златко Мехун во понеделникот (18-ти август). Загреб ја објави планираната промена по долготрајните дебати помеѓу бизнисмените и синдикатите и вжештените парламентарни дискусии. Сепак, премиерот Иво Санадер, реагирајќи на отпорот на синдикатите, предложи понатамошен дијалог со бизнис и трудовите водачи за тоа дали да се продолжи работното време.

***

Највисокиот административен суд во Tурција во вторникот (19-ти август) ја прекина приватизацијата на неколку патишта и мостови во вторникот (19-ти август). Владата се подготвуваше да продаде девет патишта и два моста до крајот на годинава за да ги зголеми приходите од приватизацијата. Судската одлука ја одложува приватизацијата до 2009 година.

***

Бугарската aгенција која е задолжена за конкурентноста во понеделникот (18-ти август) ја исчисти продажбата на 70 отсто од Поморската навигација -- државниот трговски поморски оператор -- на германската фирма КГ Поморски транспорт. Договорот вреди 225 милиони евра, а купувачот вети дека ќе инвестира дополнителни 400 милиони евра во текот на следните десет години и ќе го задржи бројот на вработените да не падне под 2.360 во текот на тој период. Вкупно има 2.851 вработен.

***

Продажбата на автомобили во Романија се зголеми за 2,3 отсто за период од една година, достигнувајќи 210.750 автомобили од јануари до јули, објави во вторникот (19-ти август) романското Здужение на производители на автомобили. Изразено во бројки, продажбата достигна 2,2 милијарди евра, а бројата се зголемува на 2,6 милијарди евра ако некој ги вклучи и автомобилските делови.

***

Вкупната владина и приватна инвестиција во српската фабрика за производство на автомобили „Застава“ од Крагуевац ќе достигне 1,1 милијарди евра, објави Небојша Здравковиќ, член на владиниот тим кој преговараше за продажбата на „Застава“ на „Фиат“, во понеделникот (18-ти август). Тој додаде дека српската влада ќе обезбеди 300 милиони евра од сумата. Двете страни се согласија на скоро сите детали од проектот и ќе потпишат конечен договор во септември.

***

Поврзани написи

Loading

Владата на Република Српскa (РС) одлучи да одвои околу 102 милиони евра за развојот на источна РС до 2010 година. Вкупно 29 општини ќе имаат корист од земјоделството и изградбата на станови и поддршката за малите и средните претпријатија.

***

Италијанското претпријатие „Монкада“ планира да изгради хидроцентрала во Aлбанијa, објави весникот Панорамa во четвртокот (21-ви август). Според весникот Монкада ќе изгради централа во регионот Карабурун на планините Курвелес.

(Разни извори – 15/08/08-22/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар