Дипломатски дневник: Турција е домаќин на состанокот на Африканската унија

19/08/2008

„Поддршка и соработка за обединета иднина“ е мотото на самитот во Истанбул оваа недела. Исто така во дипломатските вести: директните разговори за повторно обединување на Кипар се закажани за 3-ти септември, и иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад ја посети Турција.
photo

Суданскиот претседател Омар ал-Башир (во средината) во понеделникот (18-ти август) пристигна во Истанбул, за да присуствува на самитот на африканските водачи оваа недела. [Getty Images]

Истанбул е домаќин на самитот за соработка помеѓу Tурција и Африка, кој започна во понеделникот (18-ти август) и завршува во четврток. Сите 53 членови на Африканската унија добија покани за состанокот, а 50 учествуваат. На состанокот, кој се одржа под мотото „Поддршка и соработка за обединета иднина“, присуствува и претседателот на Комисијата на Африканската унија, Жан Пинг. Самитот е прв од ваков вид.

***

Кипарскиот претседател Деметрис Христофиас во неделата (17-ти август) рече дека неговиот состанок со водачот на <b>кипарските Турци</b> Мехмет Али Талат ќе се одржи на 3-ти септември и ќе се фокусира на процедуралниот дел од директните разговори за повторно обединување на поделениот остров. Христофиас рече дека суштинските разговори ќе започнат за време на неговиот втор состанок со Талат, закажан за 11-ти септември.

***

Tурскиот премиер Реџеп Тајип Ердоган во средата (13-ти август) рече дека министерствата за надворешни работи во Анкара и Москва брзо ќе започнат со спроведување на турскиот предлог за воспоставување пакт за стабилност и соработка на Кавказот. Ердоган говореше од Москва, каде што се состана со претседателот Дмитри Медведев и присуствуваше на работниот ручек со премиерот Владимир Путин и министерот за надворешни работи, Сергеј Лавров.

***

Поврзани написи

Loading

Иранскиот претседател Махмуд Ахмадинеџад во четвртокот (14-ти август) пристигна во тридневна работна посета на Истанбул. Посетата не беше официјална, објавија турските власти. Сепак, Ахмадинеџад се состана со претседателот Абдула Ѓул и други високи претставници, на разговори околу регионалните и меѓународните настани. Тие, исто така, разговараа околу начините за зајакнување на трговската билатерална соработка.

***

Високиот претставник во Босна и Херцеговинa (БиХ) Мирослав Лајчак се состана со генерал Џон Мек Кол, заменик врховниот командант на НАТО во Европа и командантот на ЕУ за операцијата АЛТЕА (ЕУФОР), во вторникот (12-ти август). Тие разговараа за важноста на континуираната соработка помеѓу Канцеларијата на високиот претставник и ЕУФОР. Лајчак рече дека потпишувањето на Договорот за стабилизација и асоцијација помеѓу БиХ и ЕУ и апсењето минатиот месец на Радован Караџиќ треба да го одбележи почетокот на една нова политичка ера. Мек Кол истакна дека ЕУФОР ќе продолжи да придонесува за безбедноста низ цела БиХ, во согласност со својот Дејтонски мандат.

(Разни извори 11/08/08-18/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар