Наука и технологија: Македонската влада доби нова ИТ опрема

18/08/2008

ЕУ донираше нова ИТ опрема за македонската Царина. Исто така во вестите од науката и технологијата: Словенски експерти учествуваат на меѓународниот семинар во Охрид и романските рудари откопаа скелет на мастодонт.
photo

Македонската Царинска управа доби ИТ Опрема од КАРДС програмата на ЕУ. [Архива]

Maкедонската Царинска управа доби нова ИТ опрема вредна 273.200 евра, како дел од проектот за поддршка на нејзината модернизација, финансиран од КАРДС програмата на ЕУ. Опремата се состои од компјутери, печатачи, дигитални фотоапарати, проектори, рутери и опрема за симултан превод. Лабораториската опрема е, исто така, дел од овој проект.

***

Германскиот амбасадор во Босна и Херцеговинa (БиХ), Јоаким Шмит, донираше рендген апарат за пограничната полиција на оваа балканска земја на 11-ти август. Опремата, вредна 40.000 евра, ќе им овозможи на пограничните полицајци брзо и сигурно пронаоѓање на експлозиви.

***

Словенски експерти од целиот свет учествуваат на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, кој започна на 11-ти август во Охрид. Настанот, кој завршува на 28-ми август, привлече експерти од 21 земја.

***

Aрхеолошките објекти во Грција беа отворени во саботата (16-ти август) за целосното помрачување на месечината. Околу 70 објекти низ целата земја, вклучително и Акрополот, останаа отворени до 1 часот изутрина за посетителите да го следат овој природен феномен.

***

Хирурзите во Клиничкиот центар на Србијa ја изведоа првата трансплантација на црн дроб во земјата, објави во средата (13-ти август) Министерството за здравство. Тие трансплантираа четири црни дроба минатата недела од починати пациенти на приматели. Др. Мирослав Миличевиќ го предводеше хируршкиот тим.

***

Рударите во Романијa откопаа скелет на мастодонт, стар 2,5 милиони години, кој се смета за еден од најдобро сочуваните во Европа, објавија локалните власти на 8-ми август. Рударите го пронајдоа скелетот за време на ископувањата во јуни, во рудник за јаглен во селото Ракосул де Сус. Палеонтологот Влад Кодреа од Универзитетот Бабес-Бољаи рече дека 90 отсто од коските на мастодонтот биле неоштетени, а оштетени биле само черепот и забите.

***

Бугарскиот Национален институт за археологија откопа 1.900 години стара, целосно зачувана тракиска кочија во близина на Борисово, Бугарија. Заедно со кочијата, во могила, се пронајдени и штитови, садови за јадење и стаклени чаши. Археолозите веруваат дека пронашле гробница на некој тракиски аристократ.

(Разни извори – 11/08/08-18/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com
Loading

Што мислите за овој напис?

icon12345icon

Денешни статии

Loading

Поврзани написи

Loading