Бизнис: Турција ќе одржи саем на рибарската индустрија

15/08/2008

Истанбул ќе биде домаќин на „Фјучр фиш Евроазија“ 2008. Исто така во бизнис вестите: Бугарија отвори меѓународен тендер за изградба на комплекс за повеќенаменска употреба и Албанија и Црна Гора предвидуваат највисок предвиден економски раст на Балканот оваа година.
photo

[Future-Fish.com]

Фјучр фиш Евроазија 2008, единствениот саем на рибарската индустрија во Tурција ќе се одржи во Истанбул помеѓу 23-ти и 25-ти октомври. Фјучр фиш Евроазија 2008 ќе биде комбинација на Саем за увоз/извоз и преработка на морска храна, Саем за водени технологии и опрема и Саем за индустриски рибарски технологии и опрема. Повеќе од 250 турски и странски претпријатија ќе учествуваат на настанот и околу 6.000 претставници на секотор се очекува да го посетат саемот.

***

Бугаријa започна меѓународен тендер за изградба на нов комплекс за повеќенаменска употреба во центарот на Софија, објавија владини претставници. Проектот вреди 2 милијарди евра. Комплексот ќе ги замени касарните и канцелариите со владини и корпоративни канцеларии, хотели и спортски и забавни објекти. Изградбата се очекува да започне за две години.

***

Tурската влада започна разговори за стендбај заем со ММФ, рече во понеделникот (11-ти август) министерот за економија, Мехмет Шимшек. Преговорите започнаа откако во мај истече заемот на Турција од 10 милијарди американски долари од ММФ. На земјата не й требаат финансиите на ММФ, но владата смета дека од претпазливост е неопходен стенд-бај договор, вели Шимшек.

***

Косовската енергетска корпорација (КЕК) започна со исклучување на корисниците кои доцнат со плаќањето од нејзината мрежа околу Приштина во понеделникот (11-ти август). Се проценува дека КЕК е оптоварен со преку 330 милиони евра неплатени сметки, што го прави претпријатието неспособно да ја поправи својата физичка централа и да увезе електрична енергија.

***

Aлбанијa и Црна Гора ќе ужива најголем економски развој на Балканот во 2008 година, покажаа неодамнешните прогнози на ММФ. Албанскиот проектиран економски раст, проценет на 6 отсто, е по оној на Црна Гора, чија економија се очекува да достигне раст за 7,2 отсто оваа година.

***

Поврзани написи

Loading

Водечкото хрватско претпријатие за млечни производи, Дукат, беше единствениот инвеститор кој поднесе понуда за откуп на локалната фабрика за прерабока на млеко КИМ. Дукат веќе контолира 66,96 отсто од акциите на КИМ, кои ги купи преку приватизацијата на фабриката која започна претходно оваа година.

***

Српската влада ќе побара 4,14 милијарди евра за финансирање на модернизацијата на својата железница, објави весникот Политикa во четвртокот (14-ти август). Разговорите со заинтересираните финансиски институции ќе започнат во септември.

(Разни извори – 08/08/08-15/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар