Бизнис: „Пепси“ заинтересиран за српско претпријатие за минерална вода

08/08/2008

Србија преговара за продажба на „Књаз Милош“, својот најголем производител на минерална вода. Исто така оваа недела: француски производител на автомобили ќе отвори фабрика во Бугарија и „Стандард енд пур“ ги зголеми изгледите на Романија.
photo

[Getty Images]

„Пепси“ потврди дека преговара за купување на најголемиот српски производител на минерална вода, „Књаз Милош“. Директорот на српската фирма, Раде Прибичевиќ, рече дека продажбата најверојатно ќе се финализира до крајот на оваа година, а очекуваната цена е 200 милиони евра.

***

Францускиот производител на автомобилски делови, Монтипе објави дека неговата фабрика во Русе, Бугаријa, ќе започне со работа на 12-ти септември. Објектот од 36 милиони евра ќе обезбедува автомобилски делови за „рено“, „пежо“, „ситроен“, „ауди“ и „форд“.

***

„Стандард енд пур“ ги зголеми инвестициските изгледите на Романија од групата 8 на групата 7, а ги намали изгледите за економска рецесија од 35-50 отсто на 25-40 отсто. Новиот рејтинг ја одразува експанзијата и технолошките подобрувања во банкарскиот сектор.

***

Измир, Tурција, ќе биде домаќин на својот 77-ми Меѓународен саем, на кој ќе учествуваат преку 1.100 претпријатија од скоро 60 земји од 22-ри до 31-ви август. Претпријатијата ќе постават изложби во 19 различни производствени групи, рече градоначалникот на Измир, Азиз Кочаоглу. Оваа година почесен гостин е земјата Куба.

***

Aлбанијa одвои 37 отсто повеќе пари за овогодинешниот буџет во споредба со првата половина од 2007 година, рече министерот за финансии, Ридван Боде, во понеделникот (4-ти август). Планираните буџетски трошоци се комплетирани за 87 отсто, додека вишокот изнесува 41 милиони евра.

***

Косовските aгенции потрошија само 30 отсто од својот буџет во првата половина од оваа година, објави Министерството за финансии во својот извештај. Само 14 отсто од планираниот буџет за капитални инвестиции е потрошен.

***

Поврзани написи

Loading

Хрватскиот Совет за конкурентност одлучи да ја замрзне владината финансиска помош за реконструкцијата на локалните бродоградилишта. Советот истакна дека владата одлучила да ги приватизира фабриките „3-ти Мај“, „Бродосплит“, „Бродотрогир“, „Краљевица“ и „Уљаник“ и дека овие приватизации треба да бидат завршени пред какви било понатамошни реконструкции.

***

Црна Гора оствари профит од 24,5 милиони евра во првата половина од годинава од приватизацијата, продажбата на акции и недвижностите, објави во петокот (1-ви август) Советот за приватизација на земјата. Советот одлучи на седницата да преземе чекори за приватизација на „Будванска ривијера“, „Улцињска ривиера“, „Институтот за црна металургија“ и други претпријатија.

(Разни извори – 01/08/08 - 08/08/08)

Оваа содржина е овластена за SETimes.com.
Loading

Гласаj

Loading

Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.

Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.

Правилник за коментари на SETimes's

Косово: Ќор-сокак на границата

Косово: Ќор-сокак на границата

Енергија: Прашања и трендови

Енергија: Прашања и трендови

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Променети сфаќања: Жените на Балканот

Балканот: Акцент на екологијата

Балканот: Акцент на екологијата
Loading
Loading
Loading
Loading

Анкета

ЕУ неодамна одлучи да го одложи доделувањето кандидатски статус за Србија, уништувајќи ги надежите дека ќе се случи пресвртница оваа година. Колку сериозна е политичката штета за претседателот Борис Тадиќ и владејачката коалиција?

Многу сериозна
Сериозна
Средна
Незначителна
Нема штета



Види ги резултатите Додадете коментар