04/08/2008
Романските експерти откопаа дакиски некропол во Украина. Исто така во вестите: Солун ќе одржи саем „Инфосистем“ во октомври и тројца балкански студенти ја освоија наградата на „Циско“ Нетрајдерс.
![]() Романски археолози дојдоа до откритието во областа Дакија. [Getty Images] |
Романски aрхеолози открија антички гробишта, кои експертите ги сметаат за најголема некропола пронајдена досега во областа Дакија. Тие дојдоа до откритието во Малаја Копалнија, Украина, на 20 километри оддалеченост од романската граница. Ова ќе открие повеќе од погребните обичаи на Дакијците. Женските гробници содржат фибула, накит, токи, прстени и синџири, додека машките гробници содржат оружје, како мечот со едно острило наречен „фика“, мамузи, копја и други предмети.
***
Дваесет и вториот Меѓународен саем на информатика, телекомуникации и дигитална технологија, Инфосистем, ќе се одржи во северниот грчки град Солун од 2-ри до 5-ти октомври, како дел од Солунскиот меѓународен саем. Според организаторите, Инфосистем ќе претстави цел дијапазон модерна дигитална технологија, под називите „Лично и забава“, „Телекомуникации“, „Бизнис избори“ и „Избори на јавниот сектор“.
***
Српскиот министер за образование, Жарко Обрадовиќ, на 28-ми јули објави дека владата ќе отвори фонд за млади студенти. Оние што се запишани на високите училишта и универзитети ќе можат да го користат фондот, рече Обрадовиќ.
***
Борис Дековиќ од Хрватскa, Кристијан Сандеску од Романијa и Павел Стефанов од Бугаријa беа меѓу петте победници на овогодинешниот престижен меѓународен Интернет мрежен натпревар, Нетрајдерс, организиран од Циско. На 9-ти јули за првпат натпреварот се одржа онлајн, со 70 учесници од 24 земји. Победниците добија целосно спонзорирана турнеја низ калифорниската Силиконска долина во јануари 2009 година.
***
Кипарското Mинистерство за образование и култура го одобри основањето медицинско училиште при Универзитетот на Кипар, објави министерството на 25-ти јули, додавајќи дека овој потег ќе го направи Кипар меѓународен и регионален центар на високото образование и истражување. Новата институција ќе им понуди на кипарските лекари и медицински сестри доживотна постдипломска обука.
***
Грчкото претпријатие „Марак електроникс“ ќе изгради телематска мрежа во делтата на реката Еврос во северна Грција. Проектот, вреден 250.000 евра, има за цел промовирање на туризмот во биоразновидна област. Планираниот телематски систем ќе им овозможи на посетителите да набљудуваат голем број животински видови и пејзажи од далечина.
(Разни извори – 28/07/08-04/08/08)
Вашите коментари за натписите на SETimes се добредојдени.
Се надеваме дека ќе го искористите овој форум за да комуницирате со другите читатели од Југоисточна Европа. За ова искуство да биде интересно, бараме од вас да ги следите правилата наведени во правилникот за коментари. Со испраќањето на коментарите, вие се согласувате со овие правила. Иако SETimes.com ги охрабрува дискусиите на сите теми, вклучително и на чувствителните, коментарите што се објавуваат се ставови единствено на оние што ги испраќаат. SETimes.com не ги одобрува и не се согласува секогаш со идеите, ставовите или мислењата искажани во овие коментари. SETimes.com ги поддржува конструктивните дискусии, но е против употребата на копи-пејст материјалите, непридружуваните линкови и слогани од еден ред. Ова е умерен форум. Коментарите што се сметаат за погрдни, навредливи, или оние што содржат вулгарности, нема да се објават.
Правилник за коментари на SETimes's